Ииии стварно? Јас не пијам вода,имав и јас кетони еднаш. Сега и онојоат матичната на ехо виде густа мокрача како со кристали внатре вика види каква ти е густа мокрачата не пиеш вода. Не верувам дали литро пијам Неможам да пијам вода. Само со витамините. Ќе мора да се силам некако. Вчера дали две чаши испив ни витамини не пиев цел ден ми се повраќаше од гликозата
@eli25 и јас сум иста, само после јадење и една голтка со витамините. Кристали во мокрача се од дехидрираност, сум имала и јас па електолити пиев. Последниот пат и во лабораторија ми рече сестрата многу си дехидрирана, мокрачата темна. Мораме повеќе вода, нема друго.
Ај споделете диети од доктор ако сакате. Едит -Од кога правев испитувањето за скриен шеќер сум како умрена, ми се врти ,ми се лоши ,стомачни проблеми. Вчера и бебето многу слабо го осеќав цел ден не мрдаше од памет се извадив, може ли да е од тоа да му дојде како шок на организмот? И кажете нешто што јадете/пиете на природна база за појачување на крвта , апчињата со железо не ми ги поднесува организмот во никој случај.
Вистинските контракции верувај дека ќе ги препознаеш, болат многу. А во врска со водениот исцедок што прашуваше, не се грижи нормален е во бременост, цела бременост бев како помочана. Поинтензивен е ако се движиш.
Јас пијам Флорадикс таблети, на природна база се, имаат семе од коприва и не знам уште некои билки. Тотално безбедни, препорачани од лекар, пробај види дали ќе можеш да ги пиеш.
Еден вика да, еден не. Ќе пазам како и досега, имам апарат ќе мерам дома и ќе следам. Диетата да ја држам не е возможно , треба да готвам и секој ден на работа да носам месо, риба , ако ја терам како што треба со вечера. Ние 5,5ипол ручаме, не вечерам. Да сум дома да, ќе ручам накај 14 ч. и ќе имам време да вечерам.
@eli25 @kristina.k И јас бев како вас со пиење вода , ама мислам дека ми помогна тоа што пијам од флаша од чаша ми е ужасна и ми се враќа назад кога ќе пијам а вака си ставам флаша до мене и дневно барем 1,5 литар морам да испијам не се форсирам за повеќе пробајте и вие така ако не сте до сега.
Ја у принцип многу пием вода, ама ако имам шише до мене само пијам, а ако немам шише до мене помалце пијам од вообичаено
Update да пишам од 16 часот наваму, во ред сум, нема стегање, стврднување, ништо. Не отидов на дежурен, дефинитивно тоа беа лажни контракции, одмарам, лежам и се смири. Фала ви на сите уште еднаш за објаснувањата
Друштво ве чеша ли стомакот? Кожата редовно ја хидрирам, после секое туширање се мачкам ама деновиве ненормално ме чеша. Лек? можно е да е од клексан?
Да, ме чеша и мене многу. Се шири, можеби ќе испука. Мачкај константно нешто помрсно. За контракциите ве читав, сакав да кажам нема шанси да утнете коа ќе бидат вистинските. Се препознава по болката, јачината. Јас деновиве сум поактивна бидејќи тргнав на работа, повеќе болки имам. Кичмата ме кине. Уште малце ќе бидам полна 20та недела па ќе одам на скрининг, а и да ме види докторката какп стојам со постелката и цервиксот. Може ќе ќарам боледување.
Тие што сте при крај, или сте породени, колкави алишта ќе носите/носевте за бебето во болница? Не знам што да спремам прееска почна паника да ме фаќа. Или многу мали ми се гледаат, или многу големи. Да спремам и поголеми и помали па таму да се одлучи?
Јас 56ка носев, дводелно комплетче, се роди 51 см и таман му беа. Тие најмалите најкраток период се носат, одма ги одрастуваат.
Мамички некоја што знае да ми ги прочита резултатите?! Ми рече докторката ок е се ама кога гледам на извештајот ме фака некоја паника. BPD 82mm za 33gn 1d HC 285mm za 31gn 3d AC 282mm za 32gn 2d FL 63mm za 32gn 5 d
Бебето ми е високо. Во горниот дел на стомакот, значи над пупак. Ме притиска на дијафрагма, не можам да се навалам оти без воздух останувам. Исто ми беше и со првото. И почнаа и киселини да ме дават по цел ден оти ме притиска и на желудник и за тоа веќе ништо не помага. И сама сум посмирена што знам дека е горе, ама денеска цел ден ми е многу лошо и веќе ништо не помага за киселините. Од магнезиумот чинам се поднамалија грчевите во нозе, ама затоа кога ќе ме стегне грч, мускулот ме боли потоа со денови. Нешто за таа болка има? Резултати за скриен шеќер ќе знам по 3 недели тек.. Па стискајте палци. Се изжалив што се изжалив сеа да прашам. Поактивна не сум била, од што сум сеа. Детево нек е здраво и живо ама уште на лустер не е качено. Значи од нагли движења, скокања од кревет, трчање, све праам. Набив кондиција скроз. Чат пат знае да ме удри по стомак уз трчање или таква си е брлива сака да се фрла над мене, се плашам дека ќе ми го пукне водењакот некој ден. Вие што имате мали деца како се снаоѓате??!