@Yowannty јас 38ма истите маки ги имам. Уште е високо, без рупурут не сум во текот на денот, киселини нон стоп. Плус бебе сега е поголемо, активно,ударите се поболни мислам дека во желудник ми брца цело време. И се е наместено на десна страна, од лево како да немам стомак
Bpd- дијаметар на главче одговара на неделата НС - обем на главче малку помало АС - обем на меше малку помало FL - должина на надколеница одговара Нема место за паника, мерките си се одлични, опушти се
Не мора да значи. Мојата се роди 48цм. 50ки носеше првиот месец. Тие малите бројчиња ептен ги искористивме
Да, зависи од бебето. Мене пред да се породам ми кажаа скоро точна килажа на ехо, а 3780 се роди. До третиот месец беше 7кг. многу килажа ставаше, малите не го запетлуваа. Ич не ги искористивме, дури морав да прикупам одма поголеми бројчиња. Ќе видиме сега, сите различно растат. За почеток тие се 50ка- 56ка.
26 сум јас. И исто на десна е наместено. Ама изгледа вертикално е оти и на бешика стиска. Денеска секоја голтка вода трчав да ја мочам. За киселини зелено јаболче и претходно и оваа бременост најмногу ми помагаше, ама сега стиска бебе на желудник и џабе е се. Ајде ти при крај си, ќе се олесниш кај и да е.
50ka shpihoznicki i body, chorapcinja, kapce i kjebence plik. 51cm se rodi, 3560gr. Jas sakav 56ka da zemam ama golemi kje mu bea.
И јас денеска цел ден со киселини бев, обично ми пожагало јаболко ама денеска за чудо не, па пробав со кисела вода и ми помогна, така да пробајте ако не ви помогне јаболчето може и киселата вода да помогне. Немам многу кисели ама дали дека имав стомачен вирус па витамини па електролити па пробиотици ова она и малку може се поремети и желудник и организам, ама ме спаси водата кисела ❤
Јас имам купено и 50 и 56ка најмали мислам одам у продавница и барам најмали, па кога ќе се роди ќе видиме кој ќе и бидат точни.. Не би требало да сум направила голема утка со бројчињата а за поголеми имам што купила мајка ми некои шпикозни.. а за кебенце искрено се мислам дали да купувам, имам купено бувче од топ шоп со кебенце што е внатре тенко, бидејќи термин ми е 14 мај мислам со тоа да биде кога ќе излеземе од болница сепак не би требало да е ладно толку а и до кола не верувам дека ќе и биде ладно сепак од врата во кола и дома, илк грешка сум?
Таман ќе е. Јас во ноември се породив, еден куп од работите што ги носев не му ги ставија ќе го свариш ми рече сестрата што го облекуваше, не смее да се прегрева.
Девојки од магнезиумот со б6 на солгар смеам да се напијам по потреба и два пати на ден? Го пијам на сабајле да можам да функционирам во текот на денот бидеќи ме болат препоните но навечер мислам дека нозете ми се згрчуваат и неможам да спијам. Последниот преглед матичната ми кажа по едно апче но тогаш немав потреба од повеќе и не прашав инаку 19+6 сум..
јас носев боди 50ка, а шпикозни 56. 3.570 се роди, 49 сан. малце и беа големки, ама јас воопшто немав купено 50 ки и среќа пошо другарка ми даде од нејзините деца ама ич не ги облековме од одма и беа мали. зависи од бебето
Па најмали се 50ка. Освен ако не се роди 4кг, 50ката ти се таман. Ххах и ја така ко тебе бев у дилеми да не смрзне, па скафандер сакав да купувам плус ќебе, мислиш на Сибир сме. Па и дека у Јануари роден, мислев толку ќе замрзне Таман ќе ти е со ќебенцето и ич да не го тунташ со многу облека, само може да го препотиш и да настине или пак да се исфрли од премногу топло.
И јас зедов како плиш ќебенце, потенко. Се мислев за бодите, купив неколку со долги ракави, ама повеќето ми се со кратки. Иако периодов е ладничко, бебе баш сега само ќе лежи, плус покриено, а грееме цел спрат, во сите соби е доста топло. Се мислам дека воопшто нема да има потреба од боди со долги.
50 или 56. Не земај поголеми од 56. @Kbr земи си памучно ќебенце, тоа од бувчето е синтетика и мислам дека ќе држи повеќе топло. Не е за во мај.
Фала мамички на советите, да мислам дека е синтетика тоа ќебенце од бувчето, ќе купам некое потенко памучно, и јас имам купено и на кратки и на долги боденца, па ќе видам што ќе земам за во болница, ама и тие по долги што се не се многу дебелки, мм се чуди колку се мали вика ќе и биле мали алиштата, мисли он дека ќе се роди дете џин хахаха ❤❤