Да, баш е типично бело прање, само до сега имав многу ретко, а ова беше баш наеднаш количина како истечена. Ај ќе почекам дали ќе има нешто плус, да не одам за џабе, почнав на секои 2 недели на ехо да одам.
Јас сум 18+4 и да ти кажам планирам од наредна недела полека полека да почнам од крупните работи горе доле знам што сакам , одбрано ми е неможам да чекам веќе
Јас немам бактерија а пак го имам и ме нервира Ставав ацидосалус вагиналети демек ми покажа нарушена вагинална флора, ама еве пак почна.
39 гн Дали имате болки во долниот дел на стомакот? Ги имам од 36 гн, некогаш се појаки некогаш послаби како менструални болки
И јас цело време. Густ секрет исто како кога се чистиш после настинка. Некогаш има и парталчиња. Особено изразено е ако движам повеќе во текот на денот. Јас се премивам три-четири пати во денот, зошто понекогаш и ме чеша надворешно. Ама објаснив Досега ништо не покажа на брисеви. Ве читам болки осеќате менструални, јас жени, кога добивав освен подуени гради и зголемен апетит, немав болки, или толку сум дрво да не сеќавав. Маж вика како што издржуваш болки, дома ќе родиш Он исплашен до коски е дали ќе стигне да ме однесе до болница на пораѓај.
Цело време имам некогаш тапи слаби некогаш јаки сечат, стомакот тврд цело време, цервиксот рекоа 32 мм и бебето дека е спуштено до крај а ни абер ни ништо нема уште.
Јас од почетокот имам секрет, некогаш како водичка само, мало кругче на гаќичките, некогаш е и бел густ секрет. Во денот неколку пати мора да ми потече, се навикнав веќе. Брисевите ми се чисти, немам ништо.
Ако зборуваш за ќебенцето од бувчињата дормео 100% полиестер е и не постои ништо помеко на светот од него. Не е за во мај тоа ќебе, башка и не е бебешко 130*180 цм е.
И мене ми е исто. Некогаш ме зачешува, некогаш не. Ноќеска ме чешаше и сега така така, сакам да правам брисеви пак за да бидам раат, ама незнам за што. Пак истите брисеви што се прават во 13 недела? Инаку се одмивам или со камилица или со сода бикарбона па ме олабавува
Првите брисеви ти беа чисти? Имате односи без заштита? Ако беа чисти, на крај дури се прават пак- пред пораѓај. Може за кандида да ти препише гинекологот вагиналети, штом те чеша, ќе се намали и исцедокот. Мене и без брисевите ми кажа дека имам кандида.
Чисти ми беа брисевите, односи воопшто немаме. Ми даде еднаш на невидено канастен вагиналети и она претпоставуваше дека е кандида, се смири, ама еве пак се повторува. Затоа мислев пак да барам брисеви, ама незнам за што
@V.N. многу е досадна кандидата, се повторува. Мене ми рече благо да не јадам воопшто, и пробиотици повеќе.
@An angel не користам Утрогестан ама еве сите ве исчитав и сфатив дека е нормално, нема крв нема ништо, ќе седам раат денес.
Кандидата мене при пиење на антибиотик ми се јавува обавезно и тоа во најнепријатен облик мислам. Не мора да е надворешно влијание за да се појави. Така да следи си што користиш тој период и ќе знаеш за да избегнуваш.
@Bibi_23 смирена ми е сега, немам ни исцедок толку, ни чешање, ама од почеток на бременоста 3 различни вагиналети ми имаат препишано. Мене од стрес ми се размножува најмногу.