И мене термин ми е во август. И баш прееска кога беше муабетот за бројчињата на шпикозните. Истово и јас го мислев дека е лето дали кратки или по долги. Ама бебе по кратки некако не знам, мислам нив повеќе им студи и дека би требало потопло од нас еден слој да се облекуваат. Ама шо знам јас баш прво бебе ми е.
Хахха ќе научиш се и што си мислела дека нема Топло им е на нив, претопло дури. Незнам колакава беше точно бројката ама бебињата прават многу повеќе движења во текот на денот од возрасен човек, така да постојано се загреани. Јас ќерка ми ја покривав со тетра пелена ко се роди зошто беше мнооогу топло, крај на септември ама ко ми пукна водењак во 2 сабајле отидов на пораѓај во апостолки зошто беше 30 степени. Ја покриј ја таа ко на дугме во иста секунда креваше ноџиња и ја буткаше пелената, а спие
Јас сум 10ти август со термин. Планирам со долги да земам, едно две со кратки. Бидејќи золва ми е породена во август, кажуваше дека бебчето по кратки ракави нон стоп и икало и ладни ноџиња и рачиња. У врв пладне мислам да го расоблакам пример, после по долги. Него жени, горе доле, повеќето сме во август. Дајте шифра за во болница, , ќе си бидеме подршка.
Кратки Фана. Јули и Август се најтопли месеци. Тоа правило како си ти облечена така треба и бебето веќе никаде не се практикува. Бебињата сепак се свои индивидуи и повеќето склетисуваат од топло, многу полесно поднесуваат ладно, ама затоа многу лесно можат да се прегреат. Јас родив на 16ти Август. Мене хормоните уште ме лупаа па само осеќав морници следните 2 месеца. Еднаш ја прегреав и педијатарката ме искара да ја остаам слободна. И еве сеуште е склетосана и боса цела зима, а јас со чорапи и папучи, таа не трпи ништо. Ќе си видиш на гради ќе го допреш, ако е ладно таму ќе си го подоблечеш.
@fana синко е почеток на август, беше само на боди на кратки и чорапчиња, претопло беше дури и септември фати ептен топло.
Како се справувате со болки во кичма? Никогаш не сум имала проблем. Ама еве вчера и денес знае да ме приболи.
Јас сум крај на август. Станот ни е на југ, дома е пекол. И да пуштам клима, нема да е на ниска тепмпература, за дома сигурно по куси ќе земам повеќе. Бебињата немаат развиена терморегулација, не смее да се прегрева. Плус вруќници им се прават. Мене во ноември ме караа дека го преоблекувам во Плодност и му ги вадеа хулахопчињата на секој преглед, а не за лето.
Сите бебиња икаат повеќе или помалку првите месеци. Ладни рачиња и ноџиња не се знак на ладно. Тоа е така оти немаат сеуште воспоставено терморегулација. На гради и грбче се допира дали е ладно или топло.
Првото ми е во јуни, тогаш го облакав по боди и чорапчиња, имаше денови кога ќе заладеше му облакав тенки шпихозни. Ова треба во август да се роди планирам само по кратки да го облакам.
Прееска значи истото скрозз го мислев. Ме фати и мене шопинг манија, ама чекам скринингот да пројде и да се пуштам во акција. Мене ми е најголема дилема вадење од болница во што да ја облечам, исто термин во август ми е после дома кратки/долги зависи ќе се прилагодиме на температурата.
Ја во октомври облакав бебе по кимоно боди и долги шпикозни. Кратки или долги на бенкица па одозгора пак долг ракав никако не трпеше, одма врукници се правeше. Па има логика вашево, на 40 степени по кратки. Само сеа проблем, нема летна колекција шпикозни уште искочено.
И јас сум Август знајш.. Планирам да имам и по долги и по куси, пријателка се породи во август исто на болница само по боди биле бебињата приквечерта само го облекувале долу ( Битола) додека сестрами ги облекувале по долги на болница ( Прилеп) а дома по кратки горе Е сеа пошто климата ќе работи за дома ќе биди по долги облечено, а за навор куси
Мене секое излегување ми е кошмар, уште во кола не сум влегла ми се оди, а пред да излезам одам по 3 - 4 пати... на моменти дури и болно ми е. На тема облекување, јас сум почеток на јуни со термин и купувам претежно по кратки, имам и по долги ама веројатно за излегување од болница ќе земам 2 комплети, кој знае како ќе се погоди денот... некое боденце, шпихозни и чорапки, евентуално ако е жешко може боди по кратки + покриена со тетра пелена или тенко ќебенце. А паметам вечерите во јуни лани и преклани многу ми студеше... И да се утне има место за корекција, тазе мајки ни се проштева.
Јас родив на 45 степени... Август. Не залади тоа лето. По кратки беше најчесто. Вруќици извади машала. Клима обавезно за дома ако ви е топло. Детето ми се смири одма како што залади, склетот ден денес и остана мислам.
Синко, роден во ноември не го наоблекував, не пак ова. Нема шанси долго да му облечам. Мене ме фаќа с'клет кога ќе видам дете пренаоблечено. Ќе си купувате вие што знаете пол, јас ќе си почекам Инаку сега кај и да е ќе излезат летните, инаку јас бендисав за излегување Ова ако е мома нели
За чешање не збори 2 дена неможам да спијам. Денеска ставив вагиналетка, само што почна да делува кога ме фати едно печење лудница, се препотив се измив убаво со вода и еве пак чеша, неможам да заспијам. Срце ми плаче за спиење
Јас сега април ќе раѓам па купив и кратки и долги. За април и пола мај долги потоа кратки. Секако све зависи времето како ќе биде. Ако е како сега, никако да се опрае, за скафандер е