Во 18та недела ми потврдија дека е женско и се фрлив во акција До 30та недела се ми беше купено и големи работи и мали,после се нешто ми дотекнуваше да докупиме. Па кога ќе му речев на маж ми "знаеш што" одма ми викаше ајдеее што треба сега хаха. После 30та си перев,пеглав ги гушкав мирисав и плачев . Со мерак ги средував секој ден по малце за да си имам работа. Се ми беше поставено и спремно до 35та,едино креветчето маж ми го монтираше додека бев во болница да не ми собира прашина. Така да спремај си се и уживај,јас ако ги слушав моите требаше они да ми купуваат откако ќе се породам што нема шанси тоа задоволство да го оставам на друг и да носи нешто што не е мој вкус
Мешиња здраво Сега се враќам од ехо од кај матичната, брисеви ми зимаше и вика ај грлото да го провериме со рака (несакав) но као морало дека близначка бременост, ми вика омекнато е, а го измери 35мм, 28+1 сум имам ли простор за паника?! Таа ми вика не но ме интересира и ваше мислење. Убав ден
A женски чим сте повеќе упатени како е сега со мерки за трудници при влез во друга држава за грција негде гледате или дали само пцр ќе ни бараат?
Не беа никогаш мерките различни за трудниците. Како е за сите така и за нив. За влез конкретно во Грција мора или три вакцини (или две ама од последната доза да нема поминато повеќе од 9 месеци), негативен тест или сертификат за прележаност. Јас сум одамна вакцинирана, и бидејќи нема да примам трета доза, ќе направам пцр. Искрено, мислам дека дотогаш Грците ќе олабават дел од мерките.
Уффф да, ама и тука и таму секако ќе ни е топло и мучно. Ако можам да најдам некое фино хотелче на плажа, па ем сабајле на плажа после со клима. И најважно друг да ми готви Абе се сум смислила хахаха
На апликацијата ми излезе, ама јас не живеам во Мк. На море живеам, јуни планирам да одам, синко секако ќе сака да оди. Јули ќе се пораѓам, и август со бебе ќе одиме.
@ShtruMfeticka немаш шотреба од јакна за од болница. Од каде едвај ќе му облечат јакна таму, и ти никогаш повеќе нема да му ја облечеш најмала величина. Секако ќе го замотаат во ќебе, нема да премрзне не се секорај. Јас пред некок ден само по комплетче со боди одоздола го изнесов, не му беше ладно Транспортерот држи топло, и надвор бебето ќе биде нецели 2 минути @stsmua05 @Secret.women како сте?
А вие што ќе имате летни мали бебиња? Планирате некаде на одмор? Мене ми е термин сега во април, планирам за нова година да одам во Англија. А сега за летово незнам баш, не ми се верува дека со маж ми ќе се убедам Иначе живеам на езеро така да ќе си ја шеткам по плажи
И јас тоа се мислев, имам и пликче и ќебенциња. Башка викаат до 40 дена не се изнесува ама за тоа ќе видиме.... Отом потом а ако и земам јакничка еднаш ќе и облечам и шо...? Времето нема преку ноќ да стопли
Јас здравје го планирам крај на јуни, па септември да му ја дувнеме а не па ти Во Ремедика почнаа ли да пуштаат мажите ?
И јас планирам септември да одам (со термин јуни), викаат најубав одмор е кога се толку мали, само спијат и уживаат. Само би одела негде поблиску, Грција, супер е за возење, блиску. Не би одела на многу долг пат или со авион.