Ние почеток јули сакавме за во Грција.. ама каков сум баксуз, најдобро ќе биде оваа година да го скокнеме одморот. Ќе и купиме на ќере базен во двор да се ладат со татко и
Само ми кажа дека се чека до 41ва да добиеш болови ако не добиеш со провокација. А не знам како оди со провокација..
комшивска линија многу си ја сакам струга ….да во зависност од времето секако мораме нешто да имаме и по долги и кратки …кога ти е термин?
А не ти е омекнато грлото малку да те чепне доктор да почнеш да се отвараш? Кај мене така беше, сабајлето ме расчепка малку за 4 саати почнаа послаби болки
Оној пат ми правеше преглед кажа дека е омекнато грло ама дека не сум отворена ич .. ваљда знае што прави Не ми се чека веќе ваљда ме разбирате
@Inamya незнам дали е исправно да ти го чепка грлото уште од сега…. освен ако не си се пожалила… ова матичната?
Не сум се за ништо пожалила, ништо не ми е фала му на Господ. И јас се изненадив и се изнервирав, ама ми направи филм ко да морало, па сега сум во тон прашалници. Ќе одам во петок кај Димчев ќе видам тој што ќе каже на ова. Многу ме стави во мисла.... Да матичната
А да земеш сите вежби за иницирање болки што ги правеа @pamelche и @Moyocoyotzin да ги направиш, дупло. И литро сок од ананас и урми. Мене дека ми е исто прво, матичниот ми рече без 2 недели плус нема да се породам, ама па овде прочитав многу различни искуства. Јас би ти рекла да уживаш уште овие малку денови, мене уште од сега ќе ми фали мешко и повластениот третман.
да, јас бев како тебе, немав никакви болки, ни контракции, ни лажни, ни вистиски ни ништо идев на цтг секој ден и ништо, со прсти од кога почнаа да ме чепкаат се отворив 3 прсти ама толку немав болки и на крај ми закажаа пораѓај со провокација. само што ми ја ставија се отворив 10 прсти, ама па бебето се качи горе како и да е се породив природно на крај се беше во ред
Јас првата бременост ја надносив некои 5-6 дена и мака ми бидна веќе, цтг беше мирно јас без болки па докторката која ме прегледуваше ми рече да се напијам диазепам од 2мг и вечерта пак да отидам. Диазепамот помагал да се опуштат мускулите и да се отвориш побрзо. Јас испив во 13 часот, вечерта во 21 часот бев отворена 3 прсти, до 4 часот утрото веќе 10 прсти. Можеш да се консултираш и ти со докторот за диазепам ако сакаш... Ова чисто мое искуство. Со лесно во секој случај
мене ми викаа дека е, другарки што се пораѓале, ама што знам не можам да споредам како и да е ќе се издржи , не се неиздржливи болки, во моментот е еуфорија . мене после ми беше потешко додека заздрави раната и сл.