И јас болките ги истрпев, се породив, за шиењето некако не фати анестезијата и се само извикав без да се расплачам, ама еве додека да ми заздрави раната си плачам од болки Добро, овие 2 дена сум подобра дури и гаки усепав да облечам Ама се согласувам дека повеќе боли од пораѓајот
пораѓајот ко пораѓај очекуваш да боли, е ја не очекував дека 40 дена нема да можам да седнам , мене докај 40тиот ден ме болеше раната, па млеко надоаѓа бебе те разранило шеташ со ланолинот и пумпата, слатки маки
Леле 40 дена? Јас се надевав 10тина, до 2 недели Ептен ми е проблем што не можам ни да седнам сама, ни да станам. Среќа мм има слободни денови па само ми ја подава, јас што се вика едвај во раце ја имам земено, само за доење и пресоблакање, инаку држење, нишкање по цел ден тој. Раната ја третираше со нешто? Мене таму ми рекоа само со физиолошки, ама на своја рака земав спреј со антибиотик и еве 2 дена ми е подобро колку-толку. Ставам и замрзнати влошки потопени во маслиново, ова го препорачувале во Германија во болници па решив да пробам, искрено од ладното многу подобро ми е. Сува влошка мислам дека ми ја штипи раната уште толку.
Од пред еден саат осеќам остри бодежи баш во вагината долу скроз, не од страна кај јајниците, не погоре, баш како во цервиксот,тоа ми се случува кога ке станам да одам, наработа сум седам цел ден ништо не ми беше, сега а станам ме прободува и тоа многу јака болка, исцедок нормален, утре влегувам во 14 недела. Се напив магнезиум во 12.00 дали да пијам пак.Се исплашив, вака до сега никогаш не ме штрекало.
И јас пишав за истото пред неколку дена, ама не ми беа толку оштри болките мене. Се смири само, пиев и јас магнезиум. Ама мене ми е многу незгодно седната да сум цел ден, јас легната работам, можно е да ти е од тоа. Сите болки ми се јавуваат ко ќе седам подолго. Напиј се пак, нема штета од магнезиумот.
мене исто ми рекоа да не ставам ништо да се мијам само со вода, ама глеав јас дека не иде и после две недели земав тој спрејот виоплекс нешто така беше овде го прочитав кога почнав од тој да ставам исто на своја рака многу брзо ми заздраве раната, а првите две недели се мачев само , кога прскав печеше ама ми помагаше, без тој бог знае кога ќе се затвореше. иначе и ја таква бев не можев да седам, ама маж ми искористи само три дена за дете што му следуваа и после останав сама со неа па морав да си трпам
И јас прскам виоплекс, и мене сите ми викаат ако чекаш само од солена вода да заздрави ќе се изнамачиш. Среќа од 5ти ден еве почнав да ставам, се надевам уште некој ден и ќе биде подобро. Јас не знам зошто така не препорачуваат ништо кога веќе има лек што може да помогне. Ова е мачење, а замисли и поголемо дете да имаш дома да треба да одиш и по него. Не можат сите само да лежат и да дојат бебе.
Женски јас што пишав викендот за лажните контракции, денес отидов до кај матичен, за мирна да ми е главата и од Саботата уствари не ми се случи така веќе. Ми мереше цервикс, затворен 34мм, 29та недела сум од денес. Што мислите таман е должината за неделите? И ми даде утрогестан по едно да пијам превентивно....
И мене ми рече ок е за неделите, ама со ова утрогестанот што ми рече да пијам малку шубе ме фати, чекај реков да прашам. А за магнезиум земам цело време јас, секој ден по едно од 400мг.
Јас исто ставам превентивно навечер по едно. Ми рече исто да продолжам, ставај го вагинално ако можеш.
Можеби немаш потреба. Јас пијам плус железо, калциум, вит. Д. магнезиум со б6, аспирин, метилирана фолна и метилиран б12.Плус утрогестан и клексан Кажано од доктор, нормално. За магнезиум не ти кажа? Мене после 1 скрининг ми рече од денес секој ден магнезиум од 400.
Јас бев на преглед, во ред е бебето се, ни потврди дека е женско. Не го видовме убаво, со главчето е измеѓу плацентата и матката, и малце се загрижив. Докторот рече не смета ништо за неа, ќе се премести, ама пак ми е мисла. Имала некоја вакво искуство?
Ќерка ми е родена во април, ја изнесов во тенки хулахопчиња, боди без ракави и памучни панталонки и блузичка и капче памучно обавезно. Јакна и ракавчиња не земав,неудобно е за во транспортер, туку ја покрив со кебенце. Педијатарот ни рече дека е таман облечено, обично родителите мислат дека им е ладно па ги многу наоблекуваат.