Мешиња, забележав како кора на пупката, како да имало исцедок. Точна боја не знам ама бело жолтеникаво изгледа. Се спремаа градите за доење, така? Или да уклучам аларм?
@Kitten @stsmua05 @emche05 @Kasiopaja221 Фала дечки Имам некоја неиздржана мисла дека многу поретко се случува имплантациско крварење од што е претставено по интернетот како симптом на ептен рана бременост. Немам факти ни ништо хахах, само така чувство имам, земајќи предвид дека на ниедна другарка/познаница трудница не и се случило.
Dali imate ili ste imale poteshkotii so dishenjeto(me stega izmegju gradi I stomak)vo 8miot mesec vo bremenosta?
Им пуштате ли музика на бебињата во стомак? Мене не знам што ми текна ова од пред некој ден, ама бебето ми е ептен активно на Моцарт, си мислам некој валцер игра внатре Така го осеќам пет пати повеќе од обично, белким не му пречи па
Имав со првото, многу високо го носев. Може и желудникот да е, таму стега или дијафрагмата. И тахикардија имав јас од што беше се во дијафрагма качено. Кажи на гинекологот обавезно.
Ја да не бев на форумов и да не се “едуцирав” немаше ни да знам дека тоа е тоа пошто беше премалку 3/4 капки и тоа пресветло црвено накај розево. Многу трудници не се информирани за многу работи поврзани со бременост дури се смејат кога ќе им кажам нешто.. Форумов го обожавам тука научив се и сешто и секогаш имав поддршка и совети од многу членки ! Thankful for you ❤️
Нормално е тоа дијафрагмата ти е подигната и затоа доаѓа до потешкотии во дишењето легај подигната со перница и на страна почесто.
Стабилен е засега, пијам метилдопа насабајле х1 и навечер х1, и аспирин навечер, сол сведов на најминимум што може (во ручеци не ни ставам, само од готови производи од маркет што сакаш нејќел мораш да ги внесеш), гледам повеќе да пешачам и да одмарам, а и боледувањево мислам дека добро ми дојде На резултатите од холтерот имаше и неколку покачени вредности (над 140/ над 80) ама во глобала беа океј. Фала ти што ме помисли
Исто имав и јас на неколку пати, почнав да мачкам мрсна помада на брадавиците бидејќи ме болат откако тоа жолтеникавото ќе го извадам.
Јас пак откако почнав да ги мачкам брадавиците со малечкото од Babylove, приметувам дека имам како нафаќано на брадавиците. Или од мачкањето сум ги стимулирала, или пак од тоа што се мачкам се собира. Некако рано ми за млеко 18+4 сум.