Дали може од клексаните лесно да се прокрварува?Сега пак прокрварив обилно, како млаз и сега на брижење имам крв.Можно ли е да ми пукаат капилари или тој полип да ми крвари такак лесно од раздредена крв? Вчера ме штрекаше како бодежи некои во вагината, од сабајле осеќав така. Многу се исплашив пак, ке одам сега на лекар.
Прво ти е? И јас планирам тука да се пораѓам. Мене ми рекоја кај и да е ќе се пораѓам, затоа ти реков стегаме зуби леле летово ќе се изнашетаме. Планираш да го носиш бебчето по плажи? Иначе што носиш.?
Охоооо.... Да Да и пуштам повремено и моабет и правам некогаш сум приметила и нешто убаво кога ќе помислам пред спиење поврзано со неа, мрда(пр:штом се породам одма ќе ми ја стават на гради ќе ја гушкам и сл....) незнам дали осеќа или така се погодува Еве и сеа кај почнав да пишувам почна да мрда Јас сум 36 и до сега немам ни капка. Тоа значи дека нема да имам млеко или нема врска? Да си појдеш на лекар, мислам дека се крвари од клексани, аспирин. Не мора да значи не е кај секој, но во ретки случаеви, да Пиши што си направила
Оди директно во Систина и побарај го. Штом си со крварење сигурно ќе те прими. Со лесно, и се надевам дека не е ништо сериозно
Јас денес искрварив. Одам во wc и се бришам и крв. Плус менструални болки. Веднаш на гинеколог, ме виде, бебето е супер, цервиксот е 4 мм или 4 см, плацента ок, не е ниско. Се во ред беше, крвта е темна. Кажа ништо страшно, само да лежам и за 2 недели сум на морфологија. Гинеколошки не ме прегледа. И најважното, 99 % кажа дека е женско. Сега ќе лежам само.
Јас кога прокрварев во 6 та недела примав и клексан и аспирин, имав хематом, и само аспиринот ми го исклучија, а клексанот уште си го примам. Мораш да одмараш колку што те имам читано повеќе пати крвариш, измачување ти е ако идеш на работа. ❤️
Мешковци дали некоја се соочила со позрела постелка спрема неделите. Кај матичниот гинеколог бев последно на 1ви март такво нешто не ми спомна,Минатата недела заради висок притисок бев на болница и докторот ми рече дека постелката ми е зрела 2степен и е со касификации.И дека маалце повеќе има плодова вода.Вчера бев пак исто е се.Инаку сега сум 34+4г.н .Дали ќе издржам вака да влезам 9ти
@JuLleE 4 см цервиксот , супер должина. Ако беше кафеавкаста крвта може стара крв е. Баш ми е мило што е женско
Во 36та недела ми беше 3ти степен, се породив точно на термин. Бебето во 9ти месец порасна 900гр, се беше во ред.
Да мила прво ми е маже е Па да планирам не во најжешкото ама после 16h би го носела …иначе многу трудници се задоволни од персоналот струга баш едно време се мислев и за таму да се породам и на крај решив кај нас
И јас ноќеска помислив дека готово дојде денот . Имав некои слаби како менструални болки, но со телово не знам што ми се случуваше. Како разиграно, растреперено, не можев никако да заспијам. Денес сум ок, како нова, ама ненаспана Искрено, сакам бебе барем до недела да издржи. Кога ќе се присетам на спомените од лани, овој период ми е многу тешко и катастрофален. Се спремаме за годишен помен на мојот брат, не знаете како ми е на душава, спремам за бебе и спремам за на гробишта. Кај моите исто, сите се насочени кон тоа, дури да помислиш дека сите заборавиле дека јас ќе раѓам. Буквално никој близок не ми се јавува да праша до каде сум, како сум... Само да ја издржам цврсто неделава.
Јас сум со презреана постелка мене пред една недела ми кажаа и еве стегаме заби. Ми рекоја може да се одлепи дека е презреана.. Затоа прашав кај ќе се пораѓаш голем број од Охрид идат тука дека ајде кај и да е со лесно само. Господ на сите да не варди Ај може ќе се договориме за на плажа ох има поубај плажи. Тука јас најчесто идам ас
@LaDyDoLl биди силна претешко е ама мора, ќе сменат и домашните ко ќе се роди се надевам, и мајка ми е иста. Ние нареден месец ќе правиме година на татко ми, кога помина толку. Нека ужива бебушот внатре уште малце.
Мешиња тие што пиете метилирана фолна, кој магнезиум го земате? Јас пиев директ на алкалоид ама баш сега ми спомнаа има многу обична фолна, незнам тоа колку е добро, треба да го сменам….
Јас земам на Jamieson чист, од 250мг. Не мешам комбинации зошто и во пренаталните има фолна и метилирана плус пијам. Пиев и на Биоелектра од 400мг, и тој е чист и квалитетен.