Ме израдува за ова женско дека ептен имапе ќејф. Како си? Ти препиша нешто? Што бидна сите крвариме... изгледа лоша нога сум повлекла.. @macalavica беше? Како си?
Јас пиев утрогестан од почеток ама од 100, поради претходната бременост. Ми ја зголеми дозата на 200мг 2 пати дневно и прогестерон депо боцкам инјекција 1 неделно. Супер штом е добра бебка, мирувај сега
Пијам премама, метилирана фолна и исто магнезиум директ на алкалоид и тоа се по препорака на матичната. Сега ме замисли да не е премногу фолна.
Да да. 12 +3 сум. Со Софи кога бев бремена ако паметиш исто прокрварев , 14та недела и од тогаш, до почеток на 9ти месец, на истава терапија бев. Гзот решето ми беше од боцки И сега ќе барам исто да биде. Мене ме плаши што не знае од каде е крварењето, да знаеме помирна ќе сум. Тебе ти кажаа од што ти е? Сигурно не е ништо озбилно, штом не ти дал терапија. Не се грижи. Ете вит ц пиј ако можеш, мене и тоа ми препишаа, нели го прекинува крварењето Те гушкам Утрогестанот го пијам. Не го ставам вагинално. Рече докторот да не го разрануваме грлото,подобро да се пие.. @eli25
17та недела сум и докторката ми рече дека имам лакуни на постелка ама ништо убаво не ми објасни. Димери 840 се и ми рече нема потреба од терапија. Дали некоја од вас е имала лакуни и дали е нешто ризично за мене,за бебе?
Денеака бев на ГАК, ме прегледаа и се е ок, ама докторката ми пиша утрогестан 2х250. Наутро да го пијам, а навечер вагинално. Додека отодам кај матичнава 2 смена ми е, за што го даваат утрогестанот? Зашто и кажав дека сум на клексани и дабростон
Женски...јас сум веќе избезумена...денес земав резултатот од трансфузиологија , димери 3000 во 30 недела , активно парцијално 20.8...клексан зголемен на + 1 ...значи 2..бебе помало за 2 недели...плус на резуллтатот ми пишува зголемени леукоцоти и можна бактериска инфекција...матичниот во петок ми закажа микробиолошки брисеви ...многу ми е страв да ми зема дека и грлото ем скратено ,ем меко...што мислите постои ло ризик или пак си правам филмови
Епа може дека јас со крварење бев па затоа. Јас од овде што читав, прашав дали да ги пијам или вагинално. Вика не, да не го разрануваме грлото.. Затоа останав јас кај еден доктор Одев кај матичен и кај овој специјалист, на приватно.. Двајцата различно зборуваат. Пресеков. На тој што му верував,таму останав. Вака шашма главата ми ја правеше матичната, па со другиов консултирај се.. да не знаеш што да правиш..
Не, ништо Ели, 21 недела сум била. Само мирување. @Kate Rina 93 не ми кажаа ни мене, само дека не е страшно и дека нема опасност за бебето.
Да то е најбитно Господ да е со нас да не вардит бебушите и нас и тебе со лесно нека ти е до крај обавезно ке стапиме во контакт ке се дружиме , btw јас учев средно медицинско нико нестор и на пракса во струшката болница редовно уште од тогаш струга имаше по квалитетен кадар
Која недела си ти?Дали ти рекоја да мируваш? Веќе аман раат да не си,ни првата бременост не ми беше сјајна ама оваа хорор.Едвај издржувам,3недели со сииилни главоболки за кои морам на снимање откако ќе се породам,пред една недела почна притисокот па и ова со постелкава,па и болки имав,до душа слаби контракции беа и крај нема