Обично после прв триместар го менуваат дабростонот. Барем кај мене беше случај и со 1 и со 12 после 1 скрининг ме префрлија на утрогестан и ми рекоа да го ставам вагинално зошто наводно подобро се ресорбирал. @JuLleE уживкај си, кај нас изгледа премногу терапија се дава Гледај фустани сега
Јас имам другарка мажена во Америка, имаше пред 2 год спонтан во 8ма недела. Прокрварила, ништо вели терапија не и дале, само мирување. Ако прекине крварењето добро.. и испадна спонтан.. Јас на маж тоа му викам, да живеевме во друга држава, јас ниедно дете немаше да имам.. двете бремености едвај ги гурам со терапии и крварење .
Ако не е од пад на прогестерон, џабе терапија. Помага само ако не е проблемот кај бебето. Ако е генетски, или проблем со плацента прогестерон не помага за жал. Во светот повеќе на природна селекција оставаат, ако нешто треба да е, ќе биде и без терапија. Кај нас само тоа за крварењето даваат и помага оти најчесто од друга причина се јавува, или не знаат од што.
Незнам што да речам, дали сме во предност или сепак не…. Ама јас по мене си знам дека ќе сум посигурна со терапија , што ќе ми дадат се ќе пијам Еве сестра ми сега правеше инвитро, жал ми е зуцнам што пијам во споредба со нејзе
Нема врска, мене прво што ме праша е која недела сум и каква боја е крварењето. Одма ме примија и докторот, се погоди матичниот, остави амбулантата и се качи лично он да ме прегледа. Е овде лекарства за секој случај нема.
И во Мк зависи од лекарот. Јас со првата бременост крварев 2 пати по една недела и поминав само со витамин ц.
[QUOTE @macalavica беше? Како си?[/QUOTE] Бев,добро е бебето,изгледа е машко, незнаат од што крварам ваљда од полипот.Ми рекоа строго мирување,станување само до тоалет,прогестерон инекции 1 неделно и утрогестан по 2 сабајле и вечер. За серклаж со полип ми рекоа нема шанса.
Да да ,во право сте. Среќна сум што ете можело да се регулира крварењето, што не оставиле на природна селекција. Јас пред да крварам сама му викав на докторот , а да ги пијам до крај апчињата за секој случај? Тој вика не ,немаш потреба, пиј до 16та недела и ги прекинуваме И Ката баксузот другиот ден со крварење му дојде @macalavica мило ми е што сте добро. Не одиш веќе на работа нели? Лежи одмарај, ако ти е досадно ние на форумов лежачиве сме тука
Денес бев на раб и таму ми се случи,веќе нема да одам дефинитивно,ви се придружувам во лежење за жал.Се надевам дека ке биде све во ред.Фала за подршката
Еве јас од работа ве следам, хаха, а радо би да легачам со вас. Јас сум на скрининг кај и да е, чекам да ми одговори докторката за термин, па и да прашам за појас, може гинеколог од ГАК ќе може да ми даде пусулче. Јас со крварењето кога бев во 9та недела, исто ми дадоа прогестероген на 7 дена и дабростан пиев до почеток на втор семестар. Строго мирував, само за до вц и ако однесев дете до школо. Сега сум ок. Сакам да кажам, мирувајте навистина и свиркајте, мислете позитивно и ќе биде се во ред.
Седи си дома мила, најди хоби некое со легачење да не мислиш свашта, серија некоја или книги, сеедно. Знам тешко е, ама можеш ти.
Нема врска тоа. Не се секирај. 2 бремености истерав и до пораѓај немав ни капка. Прв ден по пораѓај одма надојде млеко. Првото го доев скоро 2г, второво ќе видиме колку ќе тераме
Јас кога те читам шубе ме фаќа оти јас ништо не пијам Решив Фембион барем да земам. Добро пијам магнезиум.
Пијам фолна, олиговит, вит ц, б6,магнезиум и утрогестан..само се преслушувам насабајле, да не заборавам некое
Девојки, кажете ми дезодоранс без алуминиум од кои сте задоволни. Имам од алверде со лимета, ама не го бива, мирисам на пот, не е ко со рексоната @macalavica и @JuLleE да си лежат и уво да не ги боли
Јас средно Те. Од таму сум по потекло која год си? Јас сум 36 мила ми рекоа по скали многу да не одам за да не се отворам... И притисок имам од второ тримесечие, на терапија сум. Дај опуштисе, подобро ќе ти е. Со паники и стегање и плашење, полошо може да направиш а подобро не
@fana Има тема, "дезодоранси и антиперспиранти без алуминиум". Не ми успева да го залепам линкот. Фалени се доста Ben&Anna. Сестра ми знам кокосово масло ставаше.