Не ,шала на страна гледај да не внесуваш додатно многу железо бидејќи колку е добро може да и биде и штетно по плодот се што е над нормалата. Гледај да го одржуваш внесот на железо во нормални граници. Консултирај се и со лекар секако.
Утре сум на контрола ќе видам што ќе каже докторката, а и не се напив денес премама бидејќи во нив има железо па ќе видиме.
Мене ми е 3.8. Од почеток на бременоста пијам премама и таблети железо на џејмисон. Притоа внимавам прво вит ц да пијам а 2 часа пред и после апчето не пијам кафе и не конзумирам млечни произвоиди.
А што лошо е да имаш високо железо? Мене на последната контрола ми беше над граница, 33. Докторот ништо не ми рече.
Здраво,бремена сум 4+1 бев вчера на ехо видовме сакус и на контрола после 2 недели Сакав да прашам јас сум Рх- а сопругот + имав спонтан абортус и на извештајот од трансфузиологија пишуваше доколку таткото е Рх+ се препорачува Рх профилакса. Кога најскоро можам да ја примам рогам инекцијата? Страв ми е Фала однапред поздрав.. *бев целата избезумена и заборавив да ја прашам докторката*
Не знам јас секогаш ниско железо сум имала а сега хемоглобинот ми се намали во однос на претходно. Пред бременост ми беше супер. Тогаш кога видов високо железо се зачудив ми рекоа од фолната што ја пијам. А исто ми рекоа дека и многу варира железото може брзо да ти се намали. Така беше случај со татко ми. Баш ќе направам крвна слика деновиве да видам како е сега железото.
Како се справувате со акни? Лицето,грбот и вратот ми се лом ,во живот сум немала акни ни во пубертет ни после тоа ,се пробав ништо не помага. И плус некој брадавички на вратот ми излегоа ужас сум
Се испробав и само повеќе ми излегуваа, последниов месец буквално по цел ден сум со пудра скроз ми ги снема и не ми излегла ни една нова … а можеби се исчисти што влегов во второ тромесечие Грбот сеуште ми е лом нема лек..
Мене сега пред пораѓај почнаа да ми излегуваат по 2,3 на лице ама не ми смета. Иначе и јас никогаш сум немала
Сум имала не дека ми е прв пат, но какви големи и внатрешни сега ми беа Среќа мислам со пудрата ги исушив а на грбот не ми се гледаат, не е лошо додека не се високи температурите