Да момче носам и јас, баш матичната ми кажа порати тоа што носам момче имам во телото машки хормони и затоа се појавуваат акните.
Да ви се здрави и живи на сите! Сум верувала во погрешни сознанија. Јас со првото мое дете, момче, имав чисто лице, стомак надолу, немав лошење ниту киселини. Па така од муабет со друга трудница, ми кажа дека имала лошење и поголем стомак ради женското бебе. Е па поверував, ама гледам дека нема ништо врска кога ве читам. Здравје, ако останам пак некогаш бремена и со женско, ќе кажам тогаш од мое искуство.
Јас верувам дека е се индивидуално и не слушам ни мајки ни баби ни тетки. Мене на почетокот ми се запнаа женско носиш стомакот ти е како за женско и буквално не можеш да им докажеш дека си му го видела на ехо да ми извините . Не бе женско е. Само нека се здрави и живи ние се ќе истрпиме .
Бев бремена со девојче од седма недела кога почнав да повраќам не престанав, другарка бремена со машки се истура од повраќање, колешка едно машко едно женско и двете бремености од почеток до крај не престана да повраќа. Така да не е до полот туку до нас е
Мене и матичната и на гинекологија 2 докторки ми кажаа на грб да не лежам. Значи јас не ни имам прашано они самите си кажуваат. Иначе, да, имам приметено кога сум на грб имам страшни вртоглавици и не можам одма да станам, мора да поседам. На цтг кога одев не ми сметаше на грб 20 мин да лежам, последниве 2 пати кога бев се вртев настрана зашто многу ми се вртеше. Може дека сум 36, поголем плодот и притиска, незнам што да кажам....
Јас кога лежам на грб, ама баш лежам со спуштена перница, ко за спиење. Ми снемува воздух. И сакала нејќела спијам на страна А на почеток сум 12+4
Во февруари бев кај Петрова не ни прашав тогаш дали може да влезе претпоставував дека е забрането. А сега зошто беше отсутна ме префрлија кај Афродита ја прашав и му дозволи да влезе.
Изгледа до докторот е јас на 6 ти бев кај Котларова не го пуштија ради “корона” искрено претеруват кај нив секаде го пуштат, и што има врска дали е само тој плус кога дали е тој или јас исто е нон стоп си дома заедно.
Јас и за синчето и сега имам чисто лице, не ми се направиле акни до сега. Мислам нема врска полот. Инаку за спиење на грб не е дозволено поради притисок на главната вена (vena cava), што носи крв назад од долниот дел на телото во срцето. Протокот се намалува од притисокот на стомакот.
Не пушта Петрова дефинитивно. Но сега закажав кај Јовановски , па ако била некоја кај него да ми каже Да знам дали да излегува од работа.
Значи до докторот е, а не до правила и прописи, како кај некој може кај некој не ама тоа е нема што да им правиме, а битно во ходник е гунгула и нема корона, искрено смешно ми е ама тоа е.
Сестрите се собрани во собче без маски. Последно ја прашав сестрата, рече не било дозволено за никој. Демек многу по ковид протоколите се како не. На другарка ми две недели пред царски и правеа ковид тест, браво
Кај мене самиот доктор ми кажа на скрининг и морфологија таткото да дојде. Вчера беше со мене, ме почека пред ординација, но излезе докторот и сакаше се да му објасни и нему. Зошто не го пуштаат во Мк, не знам, кога секако сте во иста куќа.