Дај Боже, фала ти за советот. Со првото ми пукна водењакот па после добив болки и се породив. Сега, провокации, епидурали се ми е непознато и си мислам дека поболно ќе биде. Сепак, имам верба во докторите па со Господ напред, што биде, нека биде.
Денес 7 пати ми се стврдна стомакот-досега . Ме разбуди во 06.30, па низ цел ден. Некогаш се појаки како да неможеш воздух да земеш, некогаш послаби. Мешето ми се стврднува само на едно место под папок лево или десно и тоа најчесто кога ептен ќе се размрда бебчо. Вчера 3 пати. Паметот само во глупости ми е.26та недела. Закажав утре во Ремедика. Цервикс ми мереа пред една недела 3,2 , грло затворено. Совет само плус магнезиум, нормално било. Утре да побарам цтг ?
Ако си со епидурал, нема да осетиш ништо. По правило, болките со провокација се неспоредливо поболни од природните.
Мене ми е исто, дамо над папок ми се стврднува...значи се изместив цела. Пијам магнезиум и дабростон 2 пати дневно, а вчера бев на ГАК за боледување и ко ме прегледуваа баш им се пожалив и ми увалија и утрагестон. Тоа планирам од утре да го почнам. После бев кај матичната да го однесам боледувањето и неа ја прашував и ми вика ако првото ти е со царски рез сега демек таму пресечени мускулите и појако се осеќале овие лажни контракции. Иначе грлото ми е 43мм ми викаат комотно до врв на Водно може да идеш, немаш гајле, ама јас сум ептен некако уплашена од ова што ми се згрчува
Баш утре закажав кај докторот што ми правеше царски, може и да држи вода тоа па ќе ти кажам. Само попладне закажав,2ра е. По колку пати на ден осеќаш. Јас почнав да бројам
Ели мила јас во саботата цел ден ми беш тврд стомакот како цело време бебка да се тргнеше испив 2x400 магнезиум ама не ми пушти дури вечерта кога легнав да спијам тогаш малце ми пушти иначе тука сме со неделите 2 дена разлика сме.
Абе еве попладне како е почнато не е застанато, не се повремени, незнам веќе. Еве сега само што пиев магнезиум да видам дали ќе ме пушти. На ГАК дури ми пишаа да пијам и 3 пати по 400мг магнезиум, матичнава вика премногу е тоа. Ај сеа кој е поучен од нив Баш пиши што ќе ти кажат и тебе
Ели и мене ми се стврднува. Ама и јас сум царски. Ај види што ќе ти кажат. Инаку малку ама малку ми се намалени хемоглобинот и железото и добив терапија. Ќе земам и Фембион 2. Нема да е многу нели? Терапијата ми ја дава општ матичен, а Фембион јас сама ќе си земам. Со оглед што прележав и корона, добри се резултатите.
И тоа со градите изгледа нема врска. Јас имам мали гради В корпа, а и сега и во првата бременост ми се огромни а и првото, а еве и второто машко
Ми рече да продолжам со витамините но да пијам и плус витамин ц од 500 два пати на ден. Па ќе видиме на следна контрола.
Мене вчера пред спиење ми беше така тврд околу папокот и над него. Јас па помислев од некое јадење дека ми е така. Како подуена. Ова се тоа лажни контракции? Сабајле кога станав стомакот ми беше нормален.
Каде што е означено со area of pain ме боли како со нож да ме боди некој. Ме нервира многу. Читав нормално било као. Ама ме штрека и ме нервира озбилно
И мене на сабајле ми е ок, ама навечер ко ќе стегне не пушта бре и со душа чекам да дојде време да легнам да спијам
Јас само знам дека се изместивме веќе. Маж ми прееска ми вика ти од пораѓај изглеа накај бардовци ќе фатиш како си тргнала Ама пукнав веќе и мене се нешто ме боли, ме боде, ме стега.... Со првото ко бев бремена боли-боли, нема гајле треба да боли, друго стање тоа е....сега отидов со паметот, ама и сите други тука
арно вели чоекот. Ама јас не се сеќавам дека вака ме болеше во првата бременост, мислам дека освен менструални болки и она стегање на стомакот кое не е болно туку непријатно, друго ќе да немав Или па имам заборавено
@fana нормално е, ама многу болно. Ко ќе растат забрзано е најголемата болка, се тегнат лигаментите како што се крева матката нагло и се грчат, тогаш е ко со нож. Ко ќе кивнам ми е најтешко, не можам да се соземам од болка. Читав истегнување на долниот дел пред кивање помага ама кај да ми текни во моментот.