@fana нема друго, ќе си трпиме. Да прашам јас, дали ко почнавте прв пат да ги осеќате бебињата беше континуирано, секој ден, или пак имаше денови да не се осеќа мрдањето? Чудно ми е што некогаш има како пливкање, како движење осеќам, а некои денови баш ништо. Не можам со првото да споредам, тогаш беше после 20 недела и почна со удари, сега ептен нежно беше. 17 недела скоро сум.
Јас еве 2 бременост, почнав скокоткаќа да осеќам мислам кај 15 недела, па ме олабавија немаше скокоткања па почнаа као вибрации ама не толку често, сега ги осеќам исто движењава ама и тоа не е често. Е сега јас желба за благо во бременоста немам, може активноста и на тоа се должи
Ти текнува кога се жалев дека не го осеќам? Еве не се сопира сега. Какви клоци јадам На почетокот не беше често. Туку кивање жени е нешто што само трудна жена знае како и е Тоа е мака невидена
@JuLleE да, мислам толку беше и ти со неделите тогаш. @V.N. и јас по солено и кисело сум повеќе, ретко благо каснувам. Фала ви, да си ќутам тогаш и да се спремам за удари понатаму.
Зависи каде. Мене ме примија во четврток поручек, а од средата требаше да сум гладна. Вечерта бев на цтг, се прочистив, и петокот сабајле ме породија во 9. Ова за во Плодност. Неколку дена пред да ти закажат ќе ти кажат, треба и анестезиолошки преглед да се прави, екг, мерење тежина за доза на анестезија, итн.
Фала ти многу за некој ден сум на контрола, па си мислев доколку ме задржат кога би бил царскиот. Ама најверојатно дента не, зошто ми рекоа да јадам пред цтг да направиме сабајлето.
26+2 сум и не знам дали ова се лажни контракции или нешто друго. Веќе два дена како имам болки во стомакот. Баш се ко јаки менструални болки. Попладне имав болки но поминаа, сега сат ипол како не проаѓаат и баш се иплашив. Ме боли десната и левата страна од стомакот и кај папокот. Ептен се плашам ……
Не ти е тоа прашањето ама јас да ти го кажам моето искуство. Многу страдав од запек дури и до итна стигнав со многу крварење. Знам колку е ужасна болката, очајна бев. Мене мнооогу ми помогна сирупот Дуфталак, дозволен е во бременост. Ако го има во Мк, од срце ви го препорачувам
Не знам од мое искуство, знам од другарка за систина. Вечерта ја примија сабајлето после 10 ја оперираа. Вечерта и сабајлето подготовки правеле, анализо чистење итн..
Оди и провери ја состојбата. Секако и ти ќе бидеш посмирена доколку провериш што се случува..Можеби не е ништо страшно, но појди ако си од Ск до ГАК до службата за итни случаеви. Јас секако сум одела и за помали работи.. Ќе ти направат ехо и се што е потребно. Со помин, ќе биде во ред
Пред некој ден за Кафетин имаше членка пишано дека е дозволен во бременост, ако имаш види дали ќе се смири со него. И парацетамол може ама не верувам да ти помине, послабо делува на болки.
Здраво мамички. Нова сум.. Моментално сум 9недели и 6дена, но веќе од 5-та недела почнав да имам мачнини и до ден денес, не можам ни да јадам ни да пијам, само повраќам (најчесто жолто-портокалова течност која некој пат горчи, а некој пат е кисела). Мислев дека е од витамините за бебето па ѓи сменив но подобрување нема за жал. Инаку секој ден примам клексан(инекција), метилирана фолна киселина, метилиран Б12, аспирин(секој 2ден) и навечер Пренатас витамини. Доколку некоја би можела да ми каже како да се справиме со ова би била преблагодарна, бидејќи докторката ништо не кажува, а следната контрола е на 4-ти Април. Се извинувам за долгиот пост. Имајте пријатна и лесна вечер, мешиња!
Најпрво честитки и добредојде За мачнините знам како ти е точно, јас се живо пробав и ништо. Поминаа накај 12 недела. Пробај сува храна, крекери одма пред да станеш, бадеми и вода со ѓумбир. Од апчиња консултирај го докторот кој те води. Со лесноо
Честитки, лесна и убава бременост ти посакувам. Јас докај 14 недела имав лошење, ама не повраќав. Вода неможев да пијам ако ми веруваш и спасот си го најдов кај водата со ѓумбир на Добра вода, со зелено капаче што е. Пробај малце, голтка по голтка може и тебе ќе ти помогне
Честитки мами! Пробај да јадеш киви или јаболко пред јадење, доста помагаат во намалување на мачнини. Исто и пренатас навечер не, треба после оброк ако можеш да ги пиеш. Мене знам дека многу ми го дразнеа желудникот.