Здраво девојки, Јас сум нова на форумот и во бремени води. Бремена сум точно 6 недели, освен болки во гради (ужасни константно уште пред тест да направам) и поспаност други маки сега за сега немам.. многу ми е страв од уште од мала и се надевам нема ни да почне да ми се лоши Обично кога се јавуваат тие мачнини? Инаку правев ултразвук и ехо поради кафен исцедок пред 6 дена кој сеуште трае и малце ме плаши ама ваљда нема да настане проблем штом докторкава е толку ладна... Јас немам никакво искуство со ова ниту имам блиски луѓе до мене кои веќе родиле...па прашањето ми е освен Фемибион кој ми го препорача матичната треба ли да зимам други суплементи витамини? Некако ич не ми посвети внимание на прв преглед...не стигнав ни да прашам се што ме интересираше... Пијам дабрастон и некако многу ми ја зема силата и ми се врти ама читав така знаел да делува... Со лесно на сите
И јас сум иста, не ми текна да поврзам со јадењето благо. Рано јас го осетив првото движење, можда бидејќи бев пост ковид лежечки пациент дома фотељата дупки ја напраив. Некогаш и две недели после не осеќав движење. Ама затоа сеа боксира, клоца кај стигне и кога стигне. Контракциите се јавуваат како болка 1 мин или 15-30 сек па после пауза од 15 до 3 мин пример. Значи еднакви интервали имаш наизменично што можеш да ги разликуваш лесно. Менструална болка може да имаш ако си се преморила дента, може да не поминува со саати, ама ти треба да ја оцениш јачината и дали е доволно силна за на лекар. За слаба менструална болка, можеш да пиеш магнезиум и да одмараш, па да помине дури утредента. А за силна болка, на дежурен. Честитки нова мамичка. Добро ни дојде. Прокрај советиве со крекери, гумбир, пробај вода со лимон, бадеми или ментол бомбони. Мене само ментол бомбони ми помагаа. Можно е од толку лекарства да ти е надразнет желудникот па и тоа дополнително да ти прави проблем. Со лесно.
@Fenix05 ти честитам за бременоста и добре дојде Мачнини ќе почнат да ти се јавуваат сега кон 6 та недела. Ако почнат. Не е правило дека ќе имаш мачнини ни повраќање. Не мораш да земаш ништо освен фемибион и дабростон. Инаку не ти ја зема дабростон силата, туку ембриончето. Јас првата бременост спиев по 14 часа, до 13та недела. Повеќе одмарај се, додека помине исцедокот. Се ќе биде во ред
Јас едвај чекам сега да ја осетам, и поголемиот дел дома сум лежам амаааа слабо некакоо има нешто ама мислам цревата се и срцето мое не дека е она мислам кога ќе ја осетам помирна ќе сум вака само мислам дали е ок се Иначе 14++ скоро 15 та недела ваљда рано е м?
Која мама беше со болки во дланките? Праевме муабет на почетокот. Дали почнаа да отекува во дланките ненормално?
A со втора бременост кога почнавте да ги чувствувате? Јас како голицкање чувствувам ама не сум сигурна дали е бебето. Докторот вика тоа е, дека сум многу слаба затоа сум чувствувала порано.
@Fenix05 честитки, лесна и школска бременост ти посакувам. Јас во 8ма недела бев со кафеав исцедок и веднаш ми рекоа да легам и почнав со дабростон. Се смири и за некој ден престана, а веќе на наредното ехо си беше се добро. Така да минимално на нозе, никако кревање нешто тешко, дури и лесно да ти изгледа. Ќе си се среди со терапија. @stsmua05 мила како си денес?
Мене ми е прва бременост, уште во 16та почнав да го осеќам. Како голицање, па како да ми пука балонче сигурна сум дека е бебуш зашто досега немам осетено ништо такво.
Хелоу. Во болница останав. Ми правеа цтг но не видоа контракции. Болкиве беа прејаки. Ми пуштија инфузија магнезиум течеше едно 5 саати капка по капка додека спиев. Потоа ме боцнаа во кук флостерон 7мг и прогестерон 250мг и ми дадоа да пијам утрогестан 200мг. Рекоа ке ме задржат ден/два. Дадов на проверка крв и мокраќа. Фала ви на сите, подобро сум ❤️
Те боли кога ти прават ехо и после него? Значи вчера скоро цел ден се осеќав кало да ми мавале боксови во стомак, посебно во делот кај бешиката. Денес се си е нормално.
Јас не знам зашто така прв пат ми се дешава. Исто како што притискаше со сондата за да го види бебуш подобро, после така осеќав притисок скоро цел ден. Некоја со вакво искуство?