Систина денес бев, прегледот е качен 3300, пред 2 недели беше 3100. Цените за раѓање не прашав ете не ми текна али за 10 дена ќе знам. Инаку ЦТГ не наплаќаат,влегувало у пакетот. Пуштаат маж со ѕрбе и на преглед и на ЦТГ.
И за раѓање имаа членки пишано дека има нови цени. Поскапено е. Ауу како тргнале со цените, не се нормални. Мислиш ново нешто измислиле па нови цени. Тие се прегледите и така беше скапо. Да си прашам за Плодност јас дали има промени, обично едни штом кренат цена, сите креваат. Од ко се породив јас пред 6 години 30 илјади е поскап царскиот.
Се е поскапено, од струја до гумени ракавици. Ми кажуваше козметичарката дека пред корона цената на ракавици била три пати пониска. Машината за садови наша сега е за 6000 поскапа, нема две години како е купена. Забарот качил цена за 200 денари.
@Black girl Во темата за породување во приватна болница, ама сега баш читав за Ремедика имаат пишувано. За Систина не знам.
Да ама и претходната цена беше висока па не верувам дека неможат да покријат, за гревови се. Триста по триста, мизерија у нашево државиче колку те кошта да родиш дете
Здраво мамички и идни мамички Ова ми е прва бременост и при првата контрола кај матичната (пред 3 дена) се утврди дека сум бремена 6.5 недели, но големината на плодот одговара на 5.5 недели, срцева реакција немаше. Ден после прегледот имав кафен исцедок по што веднаш и се јавив на матичната,бев на контрола и утврди дека има одлепување на дел од сакусот и веднаш ме упати во клииника на чистење, за по неколку секунди да види на ехо дека плодот развил срцева реакција... Ми даде терапија - утрогрстан 200 мг, орално, само пред спиење, и на контрола после два дена. Премногу бев уплашена и збунета (ме извади од памет со предлогот за абортус), утредента бев на контрола во Ре -медика на второ мислење, каде ми кажааа дека не е ништо страшно, плодот е во ред, разликата во големина може да е поради покасно зачнување, и има срцева реакција. Во однос на големината на сакусот докторката кажа дека е малку помал, но рано е за било какви констатации. Примив инекција утрогестан, и сега продолжив со терапија со утрогестан сабајле и навечер и no spa апчина, строго мирување, па во понеделник повторно на контрола. Ке ве замолам да ги споделите вашите искуства, фала ви
Здраво мами, јас само што се враќам од ГАК, правев 2 скрининг, се е во ред, сите органи уредно, само бебе лошо свртено неможеше детално да се види срцњенцето. Многу немирно бебе многу клоца вика докторката значи си знам јас, ем растура бебево. Со клексани покриена, мирна душа сега. 26 недела со закажан термин ми рекоа некое испитување на срценцето и то.
Со лесно душо. Прво докторката ќе речам ненормална е. Сите различно зачнуваме, многу има што развиваат покасно срцева реакција итн. Добро си направила што си отишла на второ мислење. Одмарај и следи кај друг гинеколог мој совет.
Дали има некоја мајка од Битола или некоја која се породила или планира да се породи во Плодност да знај колку е сега цената за царски рез?