Другарка ми се породи во Оне хоспитал во Тетово кај Јегени. Задоволна беше и доста поефтино поминала. Ќе почнам да размислувам..
Женски вие што сте ставале кринон гел, а пред тоа сте имале кафеав исцедок ,ви се намалил? Јас синојќа ставив еве денес воопшто немам кафеаво. Не знам дали е добро тоа или лошо, дека хематом имам па по моја логика нели треба кафеаво да тече за да се намали хематомот, а вака ако не тече ништо како? Опрајте ме ако грешам , за се се секирам
Од сегде идат, јас ко се породив по 2-3 бебиња имаше сега гледам по 15 се во ден. Не е мала разликата во цена, а истата услуга. Само да не ги стигнат другите, дури се породам јас, ко што тргнале забрзано да поскапуваат. @Kate Rina 93 може се апсорбира.
Јас само сто се враќам од систина и ми наплатија 5000 за преглед. Пишува ехосонографска проценка на интраутеричен раст и развој.
Леле. Па вчера една членка пиша дека е 3.300. @Matea94 тебе како ти пишува на извештајот? Јас сум во вторник на ехо, па да знам.
Кате кај мене во првата бременост воопшто немаше никакво крварење, а имаше хематом. Се повлече без да крварам.
Фала ви женски. @JuLleE уште лежиш? Леле мене ова лежењево многу лошо ми делува. Само размислувам нешто.. Еве синојќа ми текна дека пред да забременам тие 2 недели изгубив мирис. Се тестирав со тие од аптека тестовите негативни беа на корона. Па сега пак јас, "Катерина докторката" си викам да не било корона, па ми се покачиле д димерите и затоа дошло до хематомов И нормално во понеделник ќе ја реметам матичнава да ми дава упат за д димери и хемостаза..
Не лежам постојано, ама намалив движење. Ама одам по син ми, возам кола, бев до Лидл вчера, седев кај мајка ми, сега ручек правам, ама не одам пеш, не кревам тешко, не чистам и гледам што повеќе да одмарам. Приметив дека кога се движам многу ми е тешко, кичмата ме боли многу, јас нели и од нејзе мака имам. Инаку јас прележав корона во четврти месец. Еве гледаш се е во ред. Крвна слика е добра, мало намалување на хемоглобин и железо, сосема нормално за мене која сум со целијакија и пази не пијам ништо. Значи без паника. Лежи, ќе се повлече. И не се плаши, втора бременост ни е.