Девојки имам пишано и претходно дека сум со висок притисок и камења во жолчка, па на тема породување читав ваши искуства со истиве дијагнози дека морало царски заради адреналин и евентуално пукање на жолчно ќесе. На ГАК ми рекоа дека ќе се види до пораѓај како ќе било кај мене ама во глобала дека немало врска, и покрај овие дијагнози гледале да било природно. Малку чудно ми падна зашто не се сеќавам некој да имаше пишано дека сепак се породил природно, и искрено страв ме фати да не се деси нешто. Не е дека мене ми се присакало царски ама не знам што да мислам, имам уште време ама сакам само да си се информирам како би било за мојава ситуација и да се спремам психички за што и да било. Може ли некој ве молам да сподели искуство ако поминал низ истово?
Ова ми е прва бременост и при првата контрола кај матичната (пред 3 дена) се утврди дека сум бремена 6.5 недели, но големината на плодот одговара на 5.5 недели, срцева реакција немаше. Ден после прегледот имав кафен исцедок по што веднаш и се јавив на матичната,бев на контрола и утврди дека има одлепување на дел од сакусот и веднаш ме упати во клииника на чистење, за по неколку секунди да види на ехо дека плодот развил срцева реакција... Ми даде терапија - утрогрстан 200 мг, орално, само пред спиење, и на контрола после два дена. Премногу бев уплашена и збунета (ме извади од памет со предлогот за абортус), утредента бев на контрола во Ре -медика на второ мислење, каде ми кажааа дека не е ништо страшно, плодот е во ред, разликата во големина може да е поради покасно зачнување, и има срцева реакција. Во однос на големината на сакусот докторката кажа дека е малку помал, но рано е за било какви констатации. Примив инекција утрогестан, и сега продолжив со терапија со утрогестан сабајле и навечер и no spa апчина, строго мирување, па во понеделник повторно на контрола. Ке ве замолам да ги споделите вашите искуства, фала ви [/QUOTE] Може да не е ништо страшно, доколку се сомневаш во стручноста на матичната смени ја, за понатака ке ти треба и за други работи, да те прегледа, насочи а не само да те вознемирува. Имав и јас кафен исцедок еден ден во 5 недела и неколку дена, исто се извадив од памет, претходно истиот ден си шетав по трговски, бев на кафе, односно имав доста активности. Матичниот ме виде на ехо, со плодот беше се во ред и ми препорача строго мирување и утрогестан од 200 мг навечер- вагинално. Од тогаш мирувам, не кревам тешко, не пешачам по многу, ако отидам на едно кафе еднаш неделно, друго по дома.. Така да не се плаши, само мирувај и следи ги препораките, се ке биде добро
Правев втор скрининг кај Афродита 4 900 платив. Ептен сум задоволна од докторката, само пофални зборови. Се детално ме гледаше. И колку време го чекаше бебето да го слика зошто цело време се криеше со рацете. Ми даде и број, кога матичниот ќе ме праќа на понатамошните испитувања да и ги пратам резултатите и таа да ги види. Го пушти и сопругот, а сестрата во чекална ми рече сопругот не јас ја игнорирав. Ја прашав докторката и го пушти.
Кој го правел ехото за срце на на бебето во 26 недела, да ме информира поконкретно за на ГАК, кои амбуланти, термини, доктори, назив на преглед ако знаете.
Беше многу краток преглед. Не можам да кажам дека е скрининг бидејќи тоа трае подолго и подетално се објаснува, се мери бебето.
26та и 4 дена треба да сум. Докторката во Систина ми рече дека бебето со развојот е недела дена понапред.
Утрогестан што ми препишаа ги пијам веќе втор ден и многу ми се поквари желудникот, ми иде киселина. Смеам со нив да пијам антиметил? Оние на природна база со ѓумбир, ми помагаат тие.
Pa ne celo vreme ak vo tekot na denot pogolemiot del brzo mi cuka zelezoto mi e dobro a hemoglobinot mie 110
Мене во систина ми рекоа дека ми е карлично поставено бебето и можно било затоа да сум имала такви болки.
Kolku ti odi pritisokot src.? Menr na terapija do 135,137 so 85. Maticnata insistira za carski, taa sto ce me poragja na ginekologija mi vika ne be kakov carski, super si i aj sea....
Еве на резултатите од државна лабораторија каде стојат други скали за ТСХ и ФТ4. Ги ставам тука за случај да некоја друга трудница ја испаничат дека не и е добар резултатот. Сабајле бев на ендокринолог, ми рече бидејќи сум веќе втор триместар да гледам ТСХ да ми е во рангот 0.4-3. За жени кои ги спремале за ивф требало да е понизок ТСХ, ама јас бидејќи сум веќе 5ти месец се толерира до 3 (мада доле во скала стои 3.5). Многу побитно било ТСХ да е добро зашто се менувало потешко, додека фт4 флуктуирало.
Јас пред неколку дена бев на контрола (имав пред 2 недели кафеав исцедок пиев апчиња дабростон) јас сум 9+5 ама плодот е за 8+5 слушнавме и срцева акција се беше во ред..дај Боже така да си е до крај Ти посакувам лесна бременост