Конечно Честитки лепото Голема да расте момата и само радости и љубов да ви носи. Оправај се побрзо Те чекаат неверојатно убави моменти
Дали болка во препони е нормално да има? 33та недела сум и само левата страна ме боли веќе неколку дена. Ама болката е баш јака. Кога мирувам е ок ама при движење си боли.
Јас имав и ми направија итен серклаж не ме пуштија ни дома да идам, тебе не ти направиле заради инфекцијата мора да е чисто се. Фанелинг е тоа што имаш и тоа е отворање ,дилатација на цервиксот. Јас ни до веце не би станувала. Прогестерон примаш претпоставувам јас примав и перорално и се боцкав плус.
И мене отприлика толку со терапија, има денови кај што знае и повисоко да е од чиста мира, а во движење и до 156 со 99, па ми зголемија метилдопа 24 часа носев холтер па затоа знам, инаку во мирување си мерам три пати на ден и среќа претежно е нормален. И јас така знам, дека мора со царски, па ова денес ми беше brand new information Ете ако имал некој висок притисок во бременост па ако може да сподели со нас би било супер, да си знаеме
Апсолутно никој не може да каже зошто од случај до случај зависи многу. Две трудници со ист притисок и навидум иста состојба можат да имаат две различни пораѓања. Зависи од притисокот, од твојата општа состојба, од тоа како реагираш на терапија, колку брзо се отвораш, каде е каменот на жолчката, колкав е, прави проблеми или не, премногу фактори има од кои некои не можат да се знаат до само раѓање и ако читаш само ќе се исплашиш ништо повеќе. Меѓу двете докторки јас ти препорачувам да ја слушаш таа што ќе те пораѓа, матичната колку и да е стручна, нема искуство со пораѓања колку оваа што работи на бокс.
Пак прокрварев обилно,секое одење во вц по голема нужда прокрварувам обилно и потоа исцедок на бришење имам.изгледа од полипот е пак,болки немам.Во вторник прокрварев бев на гак примив прогестерон депо,сега еве пак,ѕвонев на матичната не ми крева.Цело време лежам,се мислам дали да одам пак на болница,ама мн ме малтретираат таму,ме гледаат со спекулум секое одење,страв ми е.
Да не напнуваш многу кога одиш по голема нужда? Мене ми кажал гинеколог дека и од тоа доаѓа до крварење. Те молам штом крвариш да не седиш дома, оди да те видат
Па мораш да одиш, нема друго. Да не крвариш од хемороиди случајно? Мене ми се случува имам проблем со столицата, и сега и со првото. Ќе те видат може на ехо, ќе ти стават инекција ако треба, нема да си мирна ако не одиш мислам.
Тоа е работата што воопшто не напнувам,со пробиотикот имам нормална мека столица,ама мислам дека од клексанот ми е мн разредена крвта,и дека при најмал напон се дразни полипот и крвари.И непца ми крварат многу на пример.Од еднаш како млаз од вагината ми истекува крв.А имам и хемороиди ама како се среди столицата они не крварат.Тргнав накај болница,матичната не се јавува.
Хемероиди не крварат само од столицата односно од запек. И при мека столица можат да ти крварат многу влијае и исхраната врз хемороиди. Треба да приметиш од кое јадење крвариш и да го избегнуваш. Ако крвариш од тоа.
Ама мене крв од вагината ми истекува,не може тоа да е од хемороиди,и тоа баш свежа крв црвена,како од циклус,цел млаз и потоа само на бришење имам.5 пат е ова до сега
Консултирај се со тансфузиолог за терапијата, и аспирин пиеш? Може треба да ти ги намалат клексаните. Пиши како си, ќе помине и ова
Имав исто искуство со големината на плодот, според последна менструација требаше 6 ипол недели а плодот одговараше на 5 ипол. Срцева реакција немаше,слушнав после две недели. Тоа не би требало да е проблем сега терам 30та фала богу се ок ,немав крварење ,немав проблеми. Пиј си терапија и не се нервирај ќе биде се во ред,лесна бременост