Девојки дали некоја се соочи И јас го чуствувам истото ама одвреме на време ми забрзува мене ,јас сум 25 недела ,му кажав на др не ми кажа ништо.Пиши што ќе ти кажат
Мене цело време ми е забрзано,матичен ми рече нормално е допрва ќе имаш тахикардија пошто бебе притиска, додуша ја и од претходно си имав тахикардии и више не ги ни осеќам. И плус на бебето кислород му треба,се зголемува волумен на крв си пумпа срцето побрзо мислам дека до одредени интервали е нормално.
Фала ти да ти кажам ме утеши ,јас си мислев кој знае што ми е а докторов не ми обрнува внимание а тој изгледа дека нормално е и не му е баш важно да објаснува .Фала
Добро е бебето,не е од него крварењето,од грлото е пак од полипот. Во понеделник ке направам крвна слика и ке се консултирам со трансфузиологот да не е од клексаните,мада не би требало.сега не ми дадоа ништо терапија,само да лежам,во вторник пак да примам прогестерон депо.
27ma nedela sum ovie dva denovi osekam bolka vo preponi vo dvizenje i ko ke stojam ispraveno osekjam kako da mi e dolu. Koga ke lezam ne osekjam. Dali e normalno ili da se obratam kaj ginekologot
Добро е, може да се спие. Чекав вести. Кој те прими на Гак? Имаат дежурен поискусен доктор или дечишта?
Вие што веќе имате родено дали имавте купено релаксатор? Дали ви беше корисен, и колку време го користевте? Дали вреди да се даде пари за тоа.
Добив на позајмица, но ако не добиев ќе купев. Скроз обичен беше, не онаков ко спејс шатл со вибрации со клацкалки на струја, туку обичен скроз. Додека работев низ кујна нешто тоа си се клацкаше тука си преткаше. Не е којзнае колку скапо тоа.
Можеби е глупо прашањето ама ме интересира како доаѓа до скратен цервикс.. Дали може да се предизвика со премногу физичка активност кога си повеќе на нозе, а помалку лежиш или нема врска тоа? Последниов период не стигнувам да фатам хоризонтала по цел дел ден и ме јаде мисла да не направам некоја беља.
Здраво Бремена со близнаци 31 недела имам индикации за предвремено породување ставам утрогестан 2/1 пијам дабростон и аспирин на гладно . Од вчера како да ми се стврднува и опушта стомакот со минимални болки во половина ама не се постојани а денес имам како лигав исцедок ептен како мрсул Премногу сум исплашена многу е рано Од што може да бидее ? Фалааа ви
Моето беше бубаче мирно, заборавав дека имам дете до годинка преседе во релаксатор и како што ти кажаа не ти треба некој свемирски, моево ко пркна си играше со тие 2-3 играчки што висеа, вибрациите незнам баш дали многу ги вклучував. Ако имаш да позајмиш најубаво, зашто сите тие гаџети како релаксатор, дубак, џампер се користат максимум до годинка а фаќаат простор и те како. Мене дури и количката ми користеше до годинка додека не прооди, после несакаше да ја види, а има дечиња до 2-3 години си се возикаат
Не мисли на тоа. Пријателка на 40 год.со инвитро не застана од прв ден. Значи кола возење, у Грчка камп секој викенд летото беше ваму таму, на работа активна, не застана. Еве јас одам на работа секој ден, возам, активна сум на работа излегувам на состаноци и се трудам да не мислам. После дома ме чека 4 годишен тодлер кој сака се мама мама и сакаш нејќеш одмарање баш нема. Иако нема правило никогаш, секогаш има исклучоци , но убаво е да ти измерат некогаш чисто да си знаеш , мене докторот кога му барам да ми мери стално ме прашува имаше ли болки? Ако немам не ми мери ама еднаш излажав дека имам Сега ми измери зошто прошлата недела трчав по синко ми избега, следниот ден ме стегаше доле ниското и сам рече ќе ти измерам сега и на следна контрола и веќе нема мерење. И дури ми мереше ми рече не очекувам проблеми кај тебе, спомна дали ми биле чисти брисевите, демек од инфекција може да скрати , претходни рано пораѓаи и конизации. Кај некои рече и самото грло не е добро анатомски ама тоа си гледаме и си следиме на ехо . Леле му се темни на човекот сигурно од мене , сега отидов со спремни прашања и се прашав ама па кога нејќеше да го пушти маж ми на преглед ако му е Ако имате уште прашања, слободно Дури ми кажа и кога ќе ми закаже царски Да не замарам веќе
Да ви кажам право јас тука од форумов научив многу работи. Повеќето корисни, ама за воља на вистината некои само паники да ми прават. За скратен цервикс тука првпат слушнав и очигледно знае да биде голем проблем, ама за првото поима немав и незнаете колку сум била активна до крај, со болки доле, во препони, менструални, кичма и што се не...не сум можела да достојам 8-9 месец едно кафе да направам, ама некако ми беше влезено во глава тоа е, бремена си, се тежи, се се менува, нипто не е нормално. Во бременост се е изместено...ќе помине и помина. Сега тука само читам и си барам дијагнози, одам на доктор прашувам ме убедува дека е се ок, нормални некои реакции на телото, ама не јас повеќе знам од докториве и си правам филмови во глава. Отупев, ама сакам да кажам од прв ден муабетов тука ми е од голема помош, ама понекогаш знаеме и да претераме. Малце и да разлабавиме психа не е на одмет. Еве конечно сонце не огреа па да поуживкаме малце. Ви посакувам убав ден на сите