Моето не сакаше да го види Исто и на моја другарка беба не сака да го види релаксаторот. Иако има бебиња што уживаат.
Бев во болница во мојот град, не бев во Скопје.Ме прими истата докторка што ме гледаше во 9 недела, и ме прашуваше дали го осеќам бебето од 2цм како мрда, на специјализација е.Битно бебето мрда,срценце чука Провен пренатални витамини пијам со пробиотик. Јас имав обичен слабо го користев и на струја еден што се лула со музики, во него синко уживаше и го искористив максимално,до 9кг беше ама пошто беше слабичко до година некаде се лулаше.Кога почна да се качува сам по него го собрав.
Мене докторот ме знае од првото дека читав форуми и сега и тогаш стално ме зеза пак ли читаш форуми И маж ми долева масло плус
Мене матичниот од првата бременост ме опомена за помалку читање на интернет особено приказни за породување.
Pa neli vo tie proven vitaminite ima probiotik,zosto dopolnitelno. Prasuvam bidejkji sakav da smenam da gi zemam Proven.
Хахаха кога ќе кажев нешто вака и вака разбрав за бебе итн, да пробаме ова она, маж ми одговараше пак ли читаше фемина?
Не пијам плус пробиотик туку само провен витамините за трудници кои содржат во нив пробиотик.Малку грозно мириса белата капсула ама се ефикасни, барем кај мене.
Фала ти. Следна недела сум на скрининг па ќе прашам и баш ќе пишам, инаку не осеќам никаков проблем ама ете мисла. Не ни имам време да мислам, плус прво бебе не ни знам што треба да пратам и се си викам супер е кога ќе ме прашаат
За првото имав обичен го користевме до 8-9 месеци.. Во него спиеше искористен максимално.. Сега за второво ќе земам на батерии
Какви се работи прочитав тука, не можам да се опуштам и да си уживам во бременоста. Ама од друга страна колку работи научив.
И мене ме зафркава, некни го прашувам утрогестанот наеднаш да го прекинам или постепено? Читав дека не се прекинувал наеднаш.. И шо ќе речи тој " Пффф кој ти кажа дека не се прекинува наеднаш? Фризерките кај шо седиш на телефон"?
хахаха зошто сите мажи се исти хахаха, а инаку за породување не баш сакам да читам еве и јас стигнав (33 недела), искрено си викам во главата како треба да биде ќе биде, инаку прочитав погоре за мачнини, јас сум немала утрински мачнини до сега, ама ако некоја има проблем со повраќање земете Смекта, се раствара во 100 мл ладна вода и се пие голтка по голтка и помага за повраќање, јас имам купено и од време на време ако ептен имам нагон на повраќање знам да се напијам од Смектата, инаку лесно на сите, се надевам дека ќе се запознаам со некоја од Вас лично на пораѓај, само позитивно и мислам дека ќе биде се во најдобар ред, прва бременост ми е, незнам ништо во врска со пораѓајот ама пробувам и да не дознаам, сепак тоа е искуство и индивидуално, со лесно на сите мамички ❤❤❤❤
Земав од роднини најобичен, без вибрации, без ништо. Го користиме сега, на почеток не сакаше да лежи во него ама сега и е интересно. Скоро 4 месеци е бебе
јас не купив, земав од другарка, го користиме секојдневно, 3 ипол месеци е бебе. баш сака да седи во него не можеш да знаеш јас пред да се породам сите споделуваа различни искуства некои бебиња сакаат да седат, некои не.. сите различно ќе ти кажат за се и сешто.. нас кумашините ни викаа што ќе ви е креветче нашиот од прв ден спие со нас џабе го купивме ние сме обратна приказна од прв ден спие сама во креветче... ако имаш некој да ти даде супер би било ако немаше од кого да земам, најверојатно ќе купев