И мојот исто. Се надевам за ова барем ќе го искористиме, остана нов е столчето за хранење ми е нешто најискористено од се што купивме, ќе мора ново да се купува. Инаку мене матичниот за првата бременост ме викаше Доктор Google одев со спремни прашања и тоа стручни, на мм му велеше немам вакво нешто видено до сега.
Јас прво шо праам сабајле е "Чекај да проверам на фемина" ,се заразив. Ама баш е убаво кога знаеш дека не си сама во нешто ,дека има некој што го поминува тоа ти што го поминуваш. И кога гледам каква поддршка си давате едни на други душата ми се полни.
@Saf фала ви девојки, и кај мене е на исти интервали, зависно како се поставени бебињата, некогаш под папок некогаш над
Мамички, ај споделете некои убави колевки, количка и релаксатор за бебе? Од кои сте онака најзадоволни, планираме полека да се опремаме па не знам кои се најдобри. Инаку машко е бебенцето
Од Тополино ја купивме Chipolino Piruet, 3 во 1, за 19000. Преубава е, а и читав многу позитивни искуства.
Кажувајте чаре за низок притисок Изгубив и апетит, почнаа мачнините, цело време ми е лошо, ако станам од кревет одма имам нагони. Пробав со кока кола, благо, солено, се што ми текна друго и не помага. Плус болна сум и екстремно малаксана и сакам веќе да си излезам од кожа.
Киви ,маслинки да јадеш,лимон да мирисаш и кисела вода да пиеш? Овие работи ми помагаа мене кога имав мачнини
Сабајле јадев пржени лепчиња со солено сирење и јогурт и денеска најлошо ми е досега. Ајде да пробам сол да ставам во јогуртот, па ќе пишам ако помогне. Фала ви