@macalavica Ти си лавица! Тоа што малку се идиоти по државниве, замижи. Биди јака, ќе биде се добро и ова бебче ќе ти донесе радост голема, ќе видиш. И јас не знам што ќе биде со оваа моја бременост, ама се што е во моја моќ ќе направам да родам здраво, живо бебе. Зар низ толку маки поминуваме за сами да се откажеме од нив? Те гушкам многу.
Докторите без разлика за што имаат специјализирано, треба прво да бидат психолози. Да знаат да допрат до тебе, да те смират, да ти објаснат. На жалост как нас докториве се катаатрофа, или ќе нафрлат нешто, или ќе те извреѓаат, или ќе те депримираат. Сто пати до сега ми се случило... а па сега бремена да не зборам. Плус ние бремените имаме природен страв, параноја, вознемиреност, хормони. Треба да се пази малце со односот кон нас и како нештата се објаснуваат. @macalavica мацо, во името ти пишува лавица како што можам да видам. Стани денес, измиј се, нека ти стават кафе и паркирај се на сонце во хоризонтала и ич да не ти чуе. Имај во предвид дека сега хормоните ти додаваат депресија анкзиозност. Чим со бебе се е океј не се нервирај. И најважно, имаш бебувче во меше, не бива да го нервораш со лоши мисли. Вчера бил лош ден, напрај си го денес да ти е убав. Гали дете и бебе
Најобично, заедно со канче за поливање и кофичка за водата, сите три ме фатија 700 ден. Ама, моето корито излезе многу мало, бебуш веќе не го собира во него, а уште не знае да седи, па на крај позајмував едно, па и тоа го надрасна, па трето. Сега имаме три коритца, само место ми зафаќаат.
Jaс од ќере ќе го користам коритцето.Ептен ни е искористено. Додека беше мала ја бањавме со постољето. Убаво ,цврсто е, нема шанса да се лизне коритото После долу на ламинат почнавме да го ставаме и еве сега во купатило коритцето го ставам и ја бањаме дека е поголемка па лом прави, сегде прска со вода. Од Чарли бејби од Тетово го купив и тоа и количката и си одбрав креветче од таму моите само го платија, ама не е искористено ич ,зашти госпожа спие на спална. Малово сака нејќе ќе мора во креветчето да спие, немаме место на спална
Од такви безобразни доктори боли глава знам. Ама биди јака и докажи го спротивното, бори се од потни жили. Ќе ти кажам накратко една моја случка со таква "докторка" Бремена 4 та бременост по ред сите неуспешни. Одам на ехо ради обилно крварење, имам спонтан. Место да си ја гледа работата плус фамилијарна докторка мн добро живеј со свекорот и свекрвата. Она ми вели " Ти чупе како фабрика за тули си. На таа нерва на тоа тешко само и одговорив " гледај си ја работата, а јас ова е последно шо идам тука СЛЕДНАТА бременост ќе идам за да РОДАМ здраво дете а ти ќе ме породиш тогаш! И си заминав, закажав друг да ме чисти.. Така и беше била следната 5та бременост 9месеци со лежење, обилно крварење до 14-15недела (после само кафено) се изборив и јас и бебето јуначки. Иако бев закажана друг да ме пораѓа се погоди на царскиот и таа и баш ме виде дека сум јас и откако заврши се и реков " Си стоев на ветеното дека ќе ме видиш само за пораѓај и ти ќе ме породиш!" Ете така мила, крени глава горе и докажи го спротивното дека МОЖИШ! нека си каснат од газот тогаш
Леле како јас да сум пишувала И јас ја бањав во такво корито со постоље и ептен ми заврши работа. Едно од поискористените работи за бебе ми е Ама затоа креветчето е ново, не сакаше да го види… дали две три недели спиеше таму, се измачив да ја навикнам ама џабе
Породуваат ли ако си позитивен на прием по приватните Скопје или па Плодност Битола? Плс некој ако чул нешто, прашал?
Да ми се испонаша некој, мислам дека во три лепе ќе го отерам Што е тоа, не сум крава ја, такво понашање. Колку матични сменив,поради неубаво понашање и не ми криво Јас сум човек, сакам асално понашање со мене. Имам нова матична сега ,супер објаснува,секогаш смирена , искрена и достапна и надвор од работно време за прашања. Тој специјалистот кај што одам ,исто е добар, не вика, не се кара, ама до некаде мислам дека е лошо што некои работи не ми ги кажува да не ме паничи, ама за пораѓај е топ. И така. Во државна не трпам никој ,само нека ми се дере некоја, ќе не знае што ја снашло. Ќе одам до главните ако треба. Гуски.
Дали некој има информација дали во Ремедика ги пријавуваат новороденчињата електронски или на било кој начин за извод? Една познаничка ми спомна дека наводно немало потреба таткото да оди, тие ги пријавувале ама не беше скроз сигурна.
@Community Не, само Скопје на ГАК во одделот за позитивни. Фала на сите што ми пишавте вчера, ми значи многу. Подобро ми е денес, психички само да се средам.. @macalavica се надевам подобро си денес, пиши си тоа што те мачи, тука сме гали меше и верувај дека се ќе е во ред.
Никаде. Само на Гак позитивните. Ни во државните по градовите не примаат позитивни. Што значи ако си од Охрид и си позитивна ќе раѓаш на Гак.
Пред две години кога се породив маж ми сам беше да го пријави во Центар, а изводот си го земавме од нашата општина после 10 дена. Другарка породена пред една година исто сами го пријавуваа. Мислам дека порано ги пријавувале од болницата, сега веќе не, дали ради короната така нешто слушнав. Ништо страшно, само малку повеќе трпение и слободен ден, евентуално врски
Осеќам нешто како грчеви во стомакот кога се движам нормално ли е? И утринава имав болки во јајниците, слаби болки...24+ сум.
А ако е позитивна од ко ќе се породи да ја стават тука кај негативните и новороденчињата кои им се во соба?
Близу Охрид, од Дебар сум Може има некоја медицинска оправданост ама па зарем и приватните болници немаат ковид одделенија? Тоа значи дека има техничка можност и за пораѓај ваљда...
Македонија не е голема и не е страшно да се стигне до Скопје. Не знам како очекувате Ковид одделенија во секој град? Плус со корона, во Скопје се најспремни за родилката. Приватните си зимаат само пари, при компликации праќаат во Државна.