Јас денес прокрварив и одма фатив Скопје, бебе фала Богу е добро ,па се смирив малку...ме сместија на ПИН (изгледа така слушнав) , а не знам што е тоа ,ми ставија инфузија ..1 см сум отворрна и постелката ми била ниско, цервиксот не се скратил ...мислам не се скратил уште 25 см е ..па со Господ напред...ќе се бориме до крај ...барем уште некоја недела ...денес сум 30+3
Крварењето се смири ...ми вклучија мг и уште една доза флостерон...болки немам...се плашам синоќа нешто рекоа се намалила плодова вода...ама не се предавам , ќе раѓам во мај и никако порано
Добро утро мешиња. Викендов сончево време, ме натера да се размрдам повеќе од вообичаено. Осеќам притисок во долниот дел од стомакот, па денес сум во план да појдам до кај матичната да ми го види цервиксот. Бидејќи одам на работа две недели, мислам доста е , страв ми е дали има реперкусии врз цервиксот или плацентата бидејќи до скоро ми беше во сомнителна положба. Откако ги укинаа мерките не спомнавте која сте на работа, која дома, и како се снаоѓате? Ме интересира дали само јас забегав и тргнав на работа?
Кога бев дома ќе седнев, легнев, ќе одморев, не ми беше толку страв. Сега ме фаќа паника да речам бидејќи не сум дома, едноставно ти даваат работа или доволно е да седиш на стол 8 часа без опција да се спружиш и крај краева, мораш дома да си стигнеш. Колку можеш или неможеш, мораш да се движиш. А коментари од типот еј ти си многу улежана добивам нон стоп и ми иде сите да ги испратам у мајчина.
Терај си го своето и не обраќа внимание на такви коментари. Ти си ја знаеш својата состојба и како си се чуствуваш така терај си!!
И да ги испратиш. Не си само ти забегана и јас одам на работа само што цел ден седам затоа што вршам административна работа, а инаку работам во лабораторија. Засега арна сум
И јас сум на столче, пред компјутер очигледно цел ден. Ама ме притиска долу стомакот. Користам да прошетам на пауза колку да купам храна, и веќе накај дома сум капут. Имам некои 15 мин пешки од и до автобуска, така да дневно одам максимум 1 час со паузи.
Јас не ни престанав со работа, дека канцелариска, делам со една колешка огромна канцеларија, а немам допир со клиенти. Дома да бев на психа ќе ме удреше. Исто ми се дешава ако се оптеретам повеќе да осеќам притисок во долниот дел. Гледај и бешиката да ти е празна. Имам приметено и тоа дека додатен притисок ми ствара. Кога се одмивате со сода треба на крај со чиста вода да се исплакни или како?
Ме гледаа сега на ехо ..бебето мало 1300...за 2 недели помало...само што почнав 1 недела со по 2 клексана ,овде рекоа пак по 1...се плашам дека мало...ама ќе расте...има време до мај
20 недела веќе. На половина, се радувам. Ама почнаа отоците. И со првата бременост отекував многу, Шрек не ми беше рамен. Ама октомвриско бебе родив, па до Јјуни се држев. Сега некако покилава сум.
Аууу исто сме значи. Прво бебе октомвриско, сега 19+2 сум Шрек бе Избегнувај сол колку можеш и пиј лимонада за отоците. Летото ме плаши мене, засега арна сум, ќе видиме до кога.
Купив козјо млеко од продавница. Пишува на него пастеризирано, значи уништени се микроорганизмите во него не морам дома да го варам така? Кога треба сама да го варам ми смрди после. Не сум пиела козјо оддамна не знам што да правам
Користела ли некоја од вас Canesten крема после 35 недела? Неможам да го добијам матичниот да прашам..
Јас сум дома и пукнав. Продолжив боледување до Велигден некаде, па после тоа ќе видам зависи од ситуација и со вирус и со се останато. Мене повеќе ме плаши зошто сум во школо, а децава еве кај е утре-задутре ќе почнат без маски да не испаднат циркузи. Инаку реално немам тешка физичка работа убаво ќе ми биде да излезам од дома зашто седењево по дома сама во 4 ѕида....300 глупости проаѓаат низ глава