Дома, работата ми е теренска уште работа ми фали И дома не се доседува ама секако поради крварење по препорака на докторот сум дома, лежење, одмарање... Лимонада во бременост дали може да се пие во замена за вода? Вода никогаш не сум можела да пијам, пијам или цедевита или вода со кругови краставица, лимон.. И уште едно прашање од лекови за желудник што е дозволено во бременост?
Мене ме искараа на преглед за содата. Мн била јака и можела да ја наруши нормаланата пх вредност на вагината. Ми рекоа да се мијам со камилица...
Ели одам цело време јас. Возам 20 и кусур километри секој ден до работа. За седењето баш сакав да прашам како седите ? Јас обично столчето оптегнато назад и испружени нозе, ама кога станувам ме фаќа кичмата , ко стара баба станувам. Најчесто седам и со скрстени нозе, смее така? Нормално е да осеќаш притисок, бебе тежи. Цело време нешто ќе си осеќаме @дамјана изгледа од постелката што ти е ниско си прокрварела. Мене со првото ми беше ниско , па се качи и докторот ми рече ако недај боже имаш крварење од постелката е да знаеш. Ајде издржи уште малку
На влошката имав баш како парче ,се извадив од памет...не ме боцнаа прогестерон....ама фала Богу бргу се смири...ќе издржам ,знам...само не знам после колку психолози ќе ме оправат
Јас да ти кажам од старт сум дома прво дека инвитро правев после крварев, па капак на се е имам историја со конизација и имам абдоминален серклаж и сега утре сум на контрола и ќе прашувам дали може да одам, кај не се доседува па и малтретирањето со фондот косата ми ја обеле на 15 дена нови извештаи чуда. Ако мора ќе седам дома ама ќе прашам, седечка ми е работата во канцеларија 8 саати, си викам сама да не си ја барам бељата, ама вака па немам мака сега освен што сум млитава од дома седење и стомакот ме боли од време на време. Незнам што да кажам …..
Ја цело време примам клексан...примав по 2 ,оној месец ми намалија на 1...па пред една недела пак на 2...а овде рекоа по 1...извештајот ми е од кај Јани...што знам..веројатно д- р знаат повеќе
Aj te molam utre ko ke dobies odgovor dali mozis da sednis na rabota posle serklazot kazi mi. Treba i jas da stavam a i jas kako tebe rabotam 8 saati sednata a veke ovie 2 nedeli treba samo da lezam da pa znam dali da se nadevam nesto posle serklazot
Каков серклаж имаш? Кај мене е трансабдоминален ставен пред две години лапароскопски, незнам дали е исто ако си со обичен серклаж ама сепак ќе ти кажам
Е тоа е веќе друго мораш да одмараш, мене ми е превентивно ставен ради конизација што имам правено( малку ми е со ласер скратено грлото ради цин 3) баш од таа причина рече докторот си бидеш полабава во идна бременост ради историјата со грлото, ама дали ќе ме пуштат на работа незнам ќе видам што ќе кажат
Каде најде козјо млеко пастеризирано, јас барав баш, исфрлив кравјо млеко и сите млецни продукти од кравјо млеко, ги заменив со козјо и овчо.Е сега ми фали јогурт, павлака ама тоа. јас лани работев од дома ама пак седната на стол и цели време со скрстени нозе, после ми се скрати цервиксот, ми рекоа дека од седење се правело највеќе притисок и се кратело грлото, посебно во покасни недели кога е поголем плодот,сега сум дома,ми рекоа исто да избегувам ногу седење или стоење.Мислам дека се мрднав дома,многу сакам да одам на работа, ама тоа е, кога нешто мора мора. за 10 дена ке одам во систина на уште една консултација да видат дали ке можат да ми направат серклаж , на гак ми рекоа серклаж со полип дека нема шанса да се направи само да лежам, ама можеби во систина ке можат, ке видиме.
Павлака не најдов, јадам овчо кисело млеко од Бучен мислам во кам го зима мм. Исто како павлака е, јас го мачкам на леб. А млеко козјо пастеризирано има во кам, ама мм рече не кај што седат сите млека, туку кај што стоеле свежи млека во фрижидер. На него пишува на 4 до 6 степена да се чува. Барај во фрижидерите.
Незнаеше дека имаш полип пред бременоста , па да го извадеа ? Ептен се измачи . Јас кога се пораѓав со мене беше жена што имаше голем полип, ја сечеа на царски вертикално -класично , заради него, незнам каде и бил локациски но се задржа подолго на царскиот и и го извадоа и полипот , после неколку месеци гледам пак трудна остана и еве и го три годинки детенцето.
Знаев, бев за пап тест на почеток на декември и тогаш го виде матичната, заради раната што е тазе од царски ми предложи да го следиме некое време па после да го изведам, пошто се остранува слично како киретажа, и ми рече не е опасен само нема да можеш да останеш бремена,побарав апчиња да ми препише за контрацепција ми рече не ти требаат сега за сега да се регулира убаво циклусот, и ете марфи, јас останав бремена, плус се пазевме со маж ми како и вообичаено, не сме утнале ни еднаш за да се посомневам.Животот пишува романи вистина, само се надевам дека мојов ке има среќен крај,