Јас не реков дека сум ги исфрлила во моментот ми се пиеше козјо млеко. Можеби прашањето ти е за @macalavica
Јас тргнав, ај што тргнав на работа не се прибирам дома. Еден месец само лежев, првите 3 исто не седнував цело време по патишта сум. А мене истиот страв ме јаде од време на време кога ќе ми текне, посебно за цервиксот. Само си викам не сум ни прва ни последна што е трудна, кога ги укинаа мерките многу се нервирав сега не може да ме прибере човек.
Мајки ај кажете со што ќе перете? Јас планирам да земам ариел бејби ама сакам и омекнувач па се мислам каков?
Јас искористив од општ матичен 2 недели, сега користам 2 недели од гинекологот, после идам на комисија па ќе видам што ќе направам.
Јас планирам за бебе се од baby love од Dm да користам.. и памперси, и влажни марамици .. некако најсејф ми се, за прашок не знам ама има добри брендови во дм посебни за бебиња.
Земај послаби прашаци. Ариел да не ти е многу јак за бебе? Имав земено за бебе Персил Сензитив и Орнел омекнувач со бебе и мајка на слика има еден, сепак се исфрли бебе. Прво трчаш на дежурен, нормално, за да ми кажат да исфрлам омекнувач од перење бебешки и да ставам поскал прашак, плакнење да пуштам два пати.
Хаха, да. Од вчера само се вадам од памет, швепс не се пиело, јас пиев баш вчера, не се јадело не знам шо и тоа јадев, сега викам сигурно и кравји производи не се јадат/пијат затоа пишав...
Јас на секои 4 недели, значи еднаш во месецот. Ако има проблем знам да зврцнам на тел и да се консултирам.
Јас од старт за син ми користам ариел бејби и дуел бејби омекнувач. Идеална комбинација ми се, ептен убаво ми мириса. Некаде на 9-10 месеци почнав да му перам со нашиот ариел онаков обичен прашок.
Па другарка земала на фрош од ДМ овие се без никаков мирис, и јас сакам на бебе да ми мириса ама некако не ми се... не знам, сепак зависи и од кожата на бебе како ќе реагира пред време не можеме да знаеме.