Мајки здраво. Ќе ве замолам за помош. Дали знаете во кој оддел се оди за примање инфузија за трудница? Се вративме од странство пред некој ден и ќерка ми закачи стомачен вирус со повраќање, мислам дека и мене ме префати. Јас имав повраќање но само еднаш дневно и не беше вака нон стоп, сега мислам и како температура да имам малце. Јас сум во Охрид моментално. Дали треба на одделот за гинекологија или на друго место? Благодарам многу
Да, така е, во секој случај се си е индивидуално од бебе до бебе. Сеа не би земала посебен прашак јас, само дупла центрифуга би пуштала. Секако нема полна само бебешка да имам машина. Времето ќе покаже.
Јас избегнувам кравјо млеко бидејки сум нетолеранта на него иначе не е забрането.Се што јадеш по малку во умерени количини неможе да наштети,јас со првото најмалце пазете, пиев и швепс и по некоја чаша вино го родив 2 дена после термин а сега капка немам пробано.Сепак се е во главата мислам
Имаш матичен тука? Ако имаш, прво на матичен па тој ќе ти даде упат. Ако не, не мислам дека ќе те вратат било кај да одиш дека си трудница, инфузија можат да ти пуштат и на интерно и на гинекологија, но најдобро на инфективно ако е стомачен вирус.
Имам матичен гинеколог да. Ти благодарам многу сега ќе се јавам да видам што ќе ми каже. Се надевам ќе ме упатат.
Или на матичен гинеколог или на општ матичен лекар. За стомачен вирус потполно може и општ матичен лекар да ти издаде упат.
Јас со првото перев со обичен ариел, без омекнувач и дупло плакнење вклучував. Е сега последниве година две, ариелот некако баш и не ми се допаѓа ко да го расипаа па за бебе здравје би ги пробала производите на ДМ
Мешковци утре сум на 2 скрининг, ама сум рано сабајле. Кажете ми јадени, гладни како одите? Има ли некаква препорака или глупости прашувам
Ако мислиш на последици, немам никакви. Не боли кога ја ставаат, го осеќаш цело тело, само болките не ги осеќаш. Со анестезијата станав и до вц, немав буквално никаков проблем. Ако имаш опција ич не се мисли.
Девојки како изгледа кога ќе падне мукусниот чеп? 33+5 сум и пред малку забележав нешто слично на тоа (според сликите на нет исто беше и не беше крваво). Вагиналниот секрет ми беше намален деновиве (за разлика од претходно), па така и приметив. Малку рано е ама интуицијата ми вика да си прашам. Се чувствува ли кога ќе се случи? Што претходи/следи? Не знам дали да одам на доктор или да не паничам и да си одмарам дома