Како лигава материја со различна боја. Не е како обичен секрет. Може да биде розевкасто. Со оглед дека 33 недела, можеш да појдеш да те видат. Следат болки, контракции.
А како се чувствуваш додека се пораѓаш имаше ли барем чувство за кога да притискаш, немаше главоболки нешто така пошто претежно од тоа се жалеа.
Јас не успеав да се отворам и со епидуралната завршив на царски ама главоболки не сум имала, ниту болки во грб. За другото мислам дека @Milkiway се породи природно со епидурална, па ако има време ќе пише за напоните.
ја се породив со епидурал, кога ми ставија не осеќав ништо па мораше да ми го исклучат, ама барем додека чекав за да ме однесат на бокс не трпев болки, таму не соработував и ми го исклучија. немав никакви последици ни глава ни кичма ни ништо не ми беше
@Dani99 Што поточно те интересира. За болки, безболно не е, но се болки што се трпат сепак. Имаш време да одмориш од една до др болка. Јас де ќе заспиев де ќе ме разбудеше болка, значи се трпат. На бокс ја гасат, па ги осеќаш напоните и тука веќе нема болка туку само напоните. После тоа немав никаква глабоболка ништо, имав болка во кичмата кај што ме боцнаа неколку дена и толку. Никакви нус појави. За мене лично најдобра одлука што ја ставив.
Џабе сите да ти ги кажат своите искуства кога твоето нема да е исто. Добра е епидурална затоа што е направена да ја нема болката. Ама, кај некои фаќа на една страна, на друга чувствуваш се, кај некои успорува пораѓај, кај некои има трети нус-појави. На тебе е да одлучиш дали ја сакаш или не. Јас бев царски со спинална и имав последици, поточно болка во грбот доста долго време. Главоболка и повраќање не. Многу е индивидуално.
Не размислувај уште сега на тоа , се се издржува и воопшто не е страшно и без епидурал часови се во прашање за да си ја видиш среќата
да даваш напони кога треба, ја од епидуралот скоро ништо не осеќав решија дека ми треба малку болка за да тргне работата
Мене искрено тоа ме теши, дека колку толку ќе се намали болката баш кога го достигнува најголемиот интензитет од тие 4 до 10 прсти на отварање нели ама стравот, анксиозноста што ја имам, па да не ме фати напад на паника таму .... мене тоа ме загрижува...уфф еве не спијам од мисли,а само што фатив 36та ...
И мене веднаш ме вратија (всушност и едвај ме пуштија со пропратни циркузи), и како што очекував, сакаат да почнам да одам соработки да склучувам на терен што е новина, класеери да оправам, по институции да се трчало, уз пат ме спамираат со обврски која од која.... Психопат е најтешка дијагноза, ама Господ гледа.