Мене вчера ми правеа вагинален преглед со рака да види колку прсти сум отворена и не сум ич отворена само ми е смекнато грлото. И што треба да значи...? Дека ме прочепкала и дека ќе почне процесот на пораѓај?
Најверојатно. Па еве мене со сакрализирано ме гледаше колку сум отворена и од тогаш почнаа тапи болки денес и исцедок кафен имам
Едно прашање бајаги долго време ме мачи и многу ме интересира како е можно луѓето да патуваат во различни галаксии на месечина се качија пред сто години, во медицината се измисли се и свашта од невозможно се прави возможно (пр жена со извадени јајцеводи и маж со азоспермија да може да добијат сопствено бебе), а во гинекологијата сеуште грло на матка се проверува со прсти дали е отворено или затворено. Господе боже
Да, најлошо нешто Мене два пати ме проверуваа и готова бев да плачам Поготово првиот пат дури и со спекулум си играа играчки се учеа на мене
Ако си стегната боли. Јас бегав по столот нагоре од страв и од нелагодност, едноставно грдо е. Ако си опуштена не би требало да боли, ама кој може да е толку опуштен. Мене ми велеше докторката ова ако те боли што останува за пораѓај. Ама и преглед со спекулум ме боли па.
Јас вака по столот избегав горе со спекулум кога ме отвори за брисеви Мене не ми рече таа туку јас и реков леле олку ако боли ова тогаш како ќе се породам не знам. Едноставно не можев да се опуштам и се стегам
Епа како да го проверат? Такво е местото, непристапно, со спекулум се влегува или со рака. Не е само прегледот со рака непријатен, мене ни на забар не ми е пријатно да ширам уста еден час, ама се море. Мене не ми беше. Ама зависи од тебе и од докторот.
Јаа не живеам во мк ама за 2 недели имам преглед, ај баш ќе видам како ќе ме прегледат. Медицината е напредна треба да измислат нешто.