Зависи. Пример јас поради болки имав во 7ми месец. Таа што ќе се пораѓа природно таков преглед ќе има на секои 3 часа отприлика сметано од прием во болница па дур излезе бебето
Женски, последните денови се будам секој саат навечер здрвена и укочена ич не ми е пријатно спиењето како да не сум веќе во мојот кревет, скроз неудобно грдо ми е. Дали дека се грчам за стомакот не знам на која страна да лежам, дека носам близнаци и само се мислам на ова да не му направам нешто, на она да не му направам и жива ненаспана и напната сум.. Чаре?
И јас сум иста, не можам да се навикнам да спијам настрана, ми отрпнуваат нозете, ме боли се, по сто пати се будам. Се мислев перница за трудници да порачам, за првото со обична спиев меѓу нозе и полесно ми беше.
Мене прва бременост ми е. Секако пробав и пак ќе се разбудам здрвена. Многу ми е грдо, кога треба да легнам смрт ми е знам дека ќе се мачам.
Зависи кој те прегледува ... мене летово ме проверуваше една сестра/акушерка незнам шо беше и болеше, покасно ме провери и Самарџиски кога го видов огромен човек си помислив сеа господ ќе го видам али верувајте човекот не го ни осетив кога стави прст.
Таков преглед имав денот на пораѓај, пред да стави рака истури обилно една течност за да не ме боли... Болки не, ама ми беше непријатно
Јас не го прекинував утрогестанот додека ме боцкаа со прогестерон депо. Прво ме боцкаа на 7д, па одреден период на 4д, па пак на 7д и за цело време пиев и утрогестан насабајле и навечер.
Не значи, едно е кај членката, расчепкување на грлото праат намерно грубо, не е само преглед. Само преглед со рака е друго.
Значи хорор веќе четири ноќи не сум спиена од што ме боли се си викав да се наспијам додека дојде бебе но ништо, си порачав перница за трудници и ја сонувам навечер додека стигне другарка ми рече дека била изнаспиена со незе па ми останува да пробам.
Девојки јас сум 25 +4 и денес бев на преглед и цервикс ми мереа 2.73 ,рекоа добро ама некако гледаа мереа пак и пак и ме фати како паника.Во 22 недела ми беше 4.44 Да одам поскоро пак на преглед или да чекам како што одам секогаш на 3 недели ?