Мене па баш после тоа ми го мереа во првата бременост, до 40 недела. Последно 2 дена пред пораѓај ми мереше докторката што ме породи. Може дека ми беше многу долг.
Они не мерат се додека не им кажеш такви се.. На 2 скрининг кога отидов тогаш јас си побарав сама и ми кажа
Јас заради цервиксот бев царски. Ако е исто и сега пак ќе сум, ќе видиме. Не дека планирам природно, со паниката моја нема да се нафати ниеден доктор.
Мора да те гледаат со рака, само ќе си го скратиш времето на мачење. Едно е 12 саати да те држат пред да се породиш, друго е 4 5 саати.
А после која недела уствари е нормално да се скратува цервикс? Мене до кај 26-27ма недела ми беше 40мм, потоа како да добив лажни контракции и ми мереа, па беше намален на 34-35мм. Се спаничив јас малку...
Дали е нормално цело тело да ме чеша..веќе една недела имам чешање од дланки стапала нозе раце ..рани си направив на некои места..има и некоја вакво искуство? инаку 35+ сум..
И јас тоа прашав не добив одговор. 4-5 дена цело тело ме чеша без престан, дури и од спиење ме буди како "шуга" да имам. А немам ни црвенило нит ништо... Јас сум 29+
Не е нормално да те чеша, консултирај се со гинеколог, општ лекар или гастроентерохепатолог за случајно да не се работи за холестаза https://pedijatar.mk/holestaza-vo-bremenosta/