Мала дигресија на муабетов морав да те пофалам @fana алал да ти е за сите имаш совет , утеха и активност тука
15+4 сум и сега дека ми кажа така само го чепкам, како што разбрав така изгледал кога има контракции, ама вика ти немаш ама не треба да е така
Штом си имала цврст стомак пред забременување, јас не гледам ништо чудно. Мене до кај 16та/17та недела не ми се познаваше стомак воопшто, дури и исцртан ми беше насабајле пред да се подуе ко балон Плус, не омекнуваат стомачните туку се растегаат и си зафаќаат нова позиција, посебно ако ти е прва бременост тоа ќе потрае подолго. Така да опушти се и биди си згодна уште некое време
Какви ви беа породилните болки? откога ми испадна цел чеп имам болки ама не се во одреден временски интервал болката е јака остра од средината на долниот дел на стомакот пс се шири од страните
Јас пред бременост немав стомачни,па еве цела бременост имам цврст стомак,особено кога стојам.Кога сум легната во некоја положба можи да подомекни ама после пак е тврд.Ни сум го посочила на доктор како проблем ни па доктор ми има нешто речено.Ме замисли сега,незнам дали е нормално.Јас сум 35++
Појма немам прва бременост ми е и искрено незнам, само тоа ми кажа вчера матичната и ми го стави црвот у глава сега
Јаки менструални болки, да ми простат девојките, како нагон за у вс кога имаш запек. Можеби се шириш и боли се. Жени можеше ли чај од нане да се пие? Камен сум настината, веќе ми се смачи.
И јас сум настината, од што ми се слева од нос грлото страшно ме боли. Кажете некој најефикасен лек за болка во грло, пантенол не помагаат воопшто.
Јас сум мртва болна цела недела со болки во грло и крајници, ни пантенол ни алпенкрафт сируп не ми помага. Навечер се ми се слева од нос в грло, ми се суши грлото и хаос ми е, ниту можам да спијам ниту да функционирам. Ако некој знае некој лек, нека сподели.