Девојки денес испитав крвна слика железото ми е намалено , матичната ми препорача да пијам фероглобин дали го имате користено ? Или има друг препарат по ефикасен И поради тоа сум била без енергија мамички вие што пишавте преска со истиот проблем проверете крвна слика за секој случај
И јас баш сабајле гледав од кога е 6 месец и најдов 300 различни некои викаат од 22 недела, некои 23, некои 24 и испадна размак цел месец од една до друга табела, па на крај решив термин ми е на 11.08, јас сум решена на 10 да раѓам така да секој 10 во месецот си влегувам во нов
Јас пиев фероглобин и за три дена бев како нова. На гладно со цедел портокал сабајле. Два часа после тоа да не козумираш кафе, млечни производи заборавив што друго.
Само јас не можам да ги поднесам овие пренаталниве витамини? Пиев витал прегна ама ми беа гадни па ги сменив и еве денес ги почнав прегнатол овие уште повеќе ми смрдат.
Ве читам неколку страни наназад што се пиете и се збунив. Јас сум на почеток на шести и ништо освен фемибион 2 не пијам, само тоа ми рече гинекологот
ПреМама многу мириса неубаво омегата и повеќе ќе ти се лоши, моментално ги користам Pregnancy Forte (имаат исто систав како премама) ама воопшто не мирисаат а и солидна цена се. Како ти кажал докторот така, никој тука не зема апчиња на своја рака туку по препорака
До 12та недела. Фолната се пие за невралната туба на бебето, до 12та недела што се десило се десило, нема влијание веќе фолната натака.
Не ми е за парите само да можам да ги поднесам. Ова се две кутии прегнатол мулти и прегнатол дха 1350д ги платив вкупно. Колку е фемибион?
И јас само тоа пијам, плус магнезиум со Б6 за грчевите во нозете и болки ако имам по 2. Сега ќе земам магнезиум со калциум. @Erika.greeneyes околу 1100 за 28 дена.
Ок, фала за одговорите. Јас се замислив да не се пие нешто плус а мојов не ми кажува, ме остава само на фемибион сепак прва бременост ми е А што совет би ми дале за киселини? Се што сум слушнала (неколку зрна ориз, семка од маслинка, млеко, рупурут) ми помага само на неколку дена
Зарем уште имаш киселини? Во првата бременост пиев кока кола, моментално само ме смируваше. Во оваа јадев мандарини, супер ми беше од нив.
Јас до сега немав воопшто ни киселини ни никакви други мачнини што се нормални, ни гадење ни ништо. Тек сега ми почнаа киселините и тоа како темпирани, секој ден во 5 на пладне