Денес дознав дека матичната општа неможела да ми даде потврда за ординорана терапија клексани. А веќе до сеа три пати ми има издадено. Јас пијам фембион 2, магнезиум наутро од 400, навечер калциум со магнезиум додаток. За киселини, од прв ден имам, се помага моментално, најмногу сода и рупурут. Настинав пак. Да дувне на друг крај на светот јас настината.
Ќе ги пиеш и понатаму? Мене матичниот не ми спомна до кога да ги пијам. Кога ќе одам на преглед баш ќе го прашам.
Мене лани многу брзо ми се скрати цервиксот во рок од 2-3 дена,на 25 па на 15 после 10.Не е играчка со 28 цервикс треба строго да се мирува освен ако не си пред породување,незнам која недела си, мене лани во 26 ми се случи.Сега ми мереа во 13 недела беше 32, ке идам пак во 17 недела да видиме.
15+, од почетокот пиев дабростон зашто ептен малку имав кафеав исцедок, но прекина бргу. Сега малку како да ми е студено, кренав малку тешко и при бришење пак кафеаво... има ли простор за паника? Наредна среда сум на контрола
Јас само фолна,онаа од алкавит пијам. Не знам мислам околу 100 ден е. Не сум сиг Дополнителните витамини посебно ги пијам. Јас не знаев дека до 12та недела се пиеле.. Со Софи до пораѓај пиев.. Со ова бебе еве уште пијам.. Да ги прекинам а?
Ти можеш да прекинеш.Ние што пиеме метилирана пиеме до крај.А зошто не пиеш витамини? Мене ми е страв незнам дали внесувам се што треба и колку е доволно Мене денот ми почнува со аспирин.Па вит.Д Магнезиум од 400. Фемибион. Железо. Метилирана фолна и метилиран б12.Идеос. Клексан.Магнезиум од 400 . Едит:Навечер утрогестан ама вагинално Се по препорака од гинеколог+трансфузиолог ...
Незнам, јас едно кесе лекови пијам, од сабајле почнувам со утрогестан, па метилирана фолна,б12, магнезиум со б6,витамин д3, витамин ц,поручек пијам пренатални витамини провен прегнанси, и идеос, па вечер клексан,па пак утрогестан,магнезиум директ, и последно Плакенил тие не се за трудници,ги пијам по препорака од ревматолог. Желудник ме боли од сите овие ама тоа е.
Сите пиете и дополнително витамини. Мене ништо не ми рекол матичниов освен пренаталниве. Дури и од нив ми се гадеше па ми викаше ако не можеш секој ден да ги пиеш пиј ги еден да еден не. Јас гледав да ги пијам секој ден. Ама некако ич не сум ажурна и одговорна у поглед на витаминиве некогаш заборавав, некогаш кога ми беше лошо не ги пиев.