Мене ми личи на бактериско гледам и гранулоцити качени. @Bibi_23 збориме за обични пренатални витамини
Ако некој се води по форум за терапија што да пие, макар и за витамини, ондак шо да кажам тогаш. Може да споделиме искуство кои како делуваат, марка на витамини, ама јас неможам да ти кажам пиј тоа и тоа, а, за магнезиум си ти, за калциум итн. Јас не сум доктор. Можам да кажам мене за тие и тие симптоми тоа ми дадоа, ама последниот збор го има гинекологот. Не се читаат страните наназад, инаку сите членки имаат пишано од која медицинска причина што пијат. Никоја нема за цел да збуни друга трудница, ниту пак е крива што трудницата не прочитала две страни каде што се збореше за мутации и метиленска фолна, или за магнезиум и болки итн. Не се бомбони па ова е ајде ќерка ми од 5 години, пијам јас па ајде сакам и јас. Незнам кој пиша ги збунувате членките објаснете зашто пиете. Објаснето е се, само кој да прочита. Без навреда.
Така се погодило, според сите студии се препорачува ако ништо друго фолна и пред забременување а не за време на бременост. Има некои ништо не пијат нели па се е ок, муабетот ми е кога веќе знаеш зошто да не се пие...
Мајка ми не пиела фолна, јас здрава права крупна сум се родила. И маж ми и многу други бебиња. Дури мајки пушат пијат па бебињата здрави се раѓаат. Тоа не е оправдување да правиш или не правиш нешто ако знаеш дека е добро или лошо за бебето. Докажано е дека фолната позитивно влијае врз развој на бебе и нема што да филозофираме. Омега исто. Разновидна храна. Физичка активност итн. Порано на нива раѓале ама сега тешко некоја да роди толку лесно. Да не одиме во болници тогаш.
Јас имав од хеферолот,гадење ,дијареа и ги прекинав. Почнав со ферум лек ,полесен е и помалку железо содржи. А ме мачеше и тоа дека се многу јаки препаративе со железо,дали да си ги земаме и пренаталните витамини бидејќи и во нив има железо? Бидејќи има и ограничено внес на железо во бременост па да не се случи нешто недајбоже.
Мене скоро цела бременост ми се качени леукоцитите, еве изгурав до 33 нед се надевам до последно ќе биде така, се сум испитала од глава до пети ама леукоцитите не ги симнав, а за витамини само фолна и премама пијам, сега кога бев со стомачен знаев да земам витамин ц парацетамол ( по потреба) и обавезно кока кола, а за киселини или минерална вода и рупирут и смекта за повраќање, се додека не ми каже доктор не земам ништо на своја рака или да прекинам или сменам некој од витамините. Со лесно ви посакувам на сите мамички ❤
Zdravo majki imam edno prasanje..mozebi ne e postot za tuka ama sakam da prasam porodena sum carski mi dojde bioloska na 49tiot den e sega zabelezav kako parcenca meso dali e vo red ??
Те разбирам, пред бременост и јас зимав фолна , кога добив позитивен тест докторката кажа само фемибион повеќе пати ја прашав одговорот беше нема потреба.
А зошто пиеш метилирана? Јас фолна не поднесував и не пиев, а за пренетрални гинекологот ми кажа не треба, они воопшто не влијаат на развојот на бебето. Џабе пари било тоа. Пијам железо сега и вит ц, ама јас тој проблем си го имам постојано. Сега од 6 ти планирам да зимам и фембион 2 заради мене. Магнезиум исто. И тоа би било.
Па во Фемибионот и сите пренатални витамини има толку фолна колку што е препорачана во бременост. Нема потреба од дупло.
И јас витамините ќе ги земам како и до сега ништо не ми спомна матичнава да ги прекинам а ниту аптекарката а и потенцирав дека пијам фемибион 2 само си побарав плус витамин Ц Сега се мислам да не имам и јас гадење
Не ги пиј на гладно нема да имаш проблем, јас првите неколку пати пробав на гладно ама не оди одма ме фаќаше стомакот и сега прво јадам нешто па со витамин Ц земам додаток железо. И нормално не внесувај млечни производи и кафе пред и после земањето на железо.
Ви се случува на второтките, извинете вака, да се помочувате кога кивате кашлате итн? Или само јас сум случај? А сум настината, неможам да задржам ништо, само молам бога да сум дома. Само врти машинава на скапа струја.
Сега се зачитав во фемибион 2 ка и пишува дека омегата ваљда ја забавува коагулацијата и ако се земаат лекови за коагулација треба со доктор се консултира, а јас клексани примам дали има некоја искуство со ова? И плус неколку дена ги земам и еве три вечери по ред желуднкот неможам во ред да го донесам ми се лоше ми се јаде безвеза ептен