Ги примам и двете, ама не сум прочитала. Ама секако матичен гинеколог ми ги препорачува двете терапии, ако е опасно би кажал. Добро е, не сум единствена. Веќе попиздев денес, незнам колку пати се пресоблеков.
Да али ја претходно што гледав трудници околу мене зимаа пренатални, фолна, магнезиум и во тоа време мислев и ја треба.
Имам големи болки долу ниско(во пределот на јајниците) мислам јајник ќе ми испадне.... Породилни се, или да си седам дома да не летам по болнициве?
Хахах тоа е една од работите кои никој не ги спомнува кога објаснува колку е убава бременоста. Незнам зошто е табу тема. А машината вежба за бебе ко ќе врти де
Не е само бременоста... После две износени и родени деца сѐ е поинаку, не е ич табу тема, и со други жени сум разговарала. Сега ми се случува ако е преполна бешиката на кивање да пушти вентилот Исто ми се случува и со пуштање гасови. Мислам дека никогаш повеќе нема да се приклучам на групно вежбање во сала Освен ако нема група за теткици каде што сите ќе си прткаме Незнам дали Кегел вежби ќе помогнат, не ги правам редовно, заборавам.
Има има Јас пред некој ден барав спреј за нос. И ми нуди, само викам дали е дозволен во бременост? И она, ауууууу од кај па да знам и ја ок, фала многу, пријатно
Porodena sum so carki krvarev krv potoa kako zolto pa sega pak pocna krv ama po malki dali e normalno
Ни се случува Затоа реков, кивање е посебна ситуација Кој вели дека бременоста е убава ? Иди бегај таму, ова само за во поезија е. Кивни, помочај се . Убавини
И со претходната бременост и сега. Обично пред кивање стегам нозе и немам проблем, ама кога сум неспремна знајте што следува - итоа немам природно родено и пак
Кога ми избега малото кога трчав по него, не се помочав туку измочав Незгодно ме фати после од маж ми
Здраво, јас и моите маки xD Правев крвна слика, урина и уринокултура за утрешниот преглед 7ма недела. Шеќер последниве 2 3 месеци ми е константно на горна граница уште пред бременост. А искрено благо не јадам освен лажица мед некогаш и овошје малини, јаболка или банана ретко многу. Сега е 5.60 а граница е до 5.80. И најверојатно имам уринарна инфекција бидејќи пишува заматена, бактерии- често крв - трагови и епителни плочести клетки ретко(резултати за 2 дена од уринокултура) . Смеам ли чај брусница или апчињава? Смеам ли воопшто сега нешто? За шеќер ми рече докторкава ќе сме се конултирале за дали треба испитувања плус. Јас вака се осеќам ок ама паничам може ли инфекцијава да му наштети на зрнцето во мене?
За се има решение. Треба да внимаваш на исхрана за шеќерот иако е на горна граница. Тука има многу членки со ваков проблем. Засега со исхрана пробај. Исто и уринарната инфекција. Повеке вода и чај од камилица.за брусница не знам. Секој ден одмивање со камилица ако те печи. Не се секирај.ке се среди
Да ќе сменам исхрана и леб, тестенини, оризот работи кои содржат шеќери ќе ограничам.. Не, работата е што не чувствував никакви симптоми на инфекција освен малце појак мирис ништо друго. Фала Ви на советот
Од овие апчиња не може да има штета на плодот затоа што е брусница екстракт како чајот само појако. Треба да се видат рез од уринокултурата затоа што можеби ќе треба да се вклучи антибиотик. Изборот е твој, овие или 2 л чај од брусница дневно. За шеќерот: промена на исхрана и пешачење.