Колешка моја две деца роди. Крупничка си е, ама а останеше трудна сучка се правеше, слабееше коска и кожа, ко ќе се породи си враќа килажа. Еве ги двете деца машала големки
Здраво девојкии, дали има некоја од вас да прележала корона во рана бременост. Јас прележав корона пред 3 месеци и сега повторно ме фати. Бремена сум 5-6 недела иии многуу ми е страв за плодот. Имав највисока температура 38.5.
Да, јас прележав во 8 недела. Не се плаши, само следи крвна слика црп и димери. Тие знаат да изненадат во бременост и ковид. Терапија ќе ти даде гинекологот бодејќи он знае што смееш. Амоксиклав или Панцев вообичаено во бременост, ако има покачено црп. Со лесно. Одмарај.
Јас прележав во февруари, бев 13 недела тогаш. Пиев Цефалексин,се е ок. Гинекологот ми кажа да не се плашам. Со лесно.
Не, не сум. Бев заразена во декември ии точно по 3 месеца пак се заразив, сега немам јаки симптоми како минатиот пат ама имам страв.
Денес на прегледот докторката баш ме заплаши со коронава, демек во последно време скоро секоја трудница ја фатило и 30% од нив биле со големи последици. Баш ме убедува да се вакцинирам а јас упорна дека не сакам. Господ да не чува офф
Како да не, коронава више завршува ти сега ќе се вакцинираш ако досега не си се вакцинирала. Особено не бремена.
Девојки ,бебево е многу ниско на секое вртење негово осеќам вагинално болка дали е нешто опасно 30та г.н
И јас тоа и реков. Досега не видов ниедна разлика меѓу вакцинирани и невакцинирани. Ќе се чувам колку можам, па како треба така нека биде
ureaplasma urealyticum ептен ли е штетна во бременост? Јас ја имав пред три месеци и пиев терапија но од тогаш наваму немав правено брисеви. Докторката ми зема денес брисеви за да испитаме дали се има излечено или ја има уште. Може ли да ми направи компликации во бременоста? Не сум информирана..
Секоја инфекција може да биде штетна доколку истата не се лечи ама штом си правела контролни брисеви нема простор за паника
Како вака ве плашат? Еве јас прележав, 16 недела мислам бев, или 15. Никаква терапија, после си бев на ехо, гинекологот кажа да не се плашам и тоа е. Како вака проценти на компликации ви кажуваат, па и ќе те паничат. Срамота.
Ни јас не сум вакцинирана и немам ни намера, и мене гинекологот ми викаше да се вакцинирам ама нема шанси, а за последици не сакав ни да слушам, караванот си врви а вакцините стојат затоа и не плашат...
Баш напротив, трудниците поминуваат полесно и нема влијание на бебето. Доктори така кажуваат. Како вака заплашуваат
И јас воопшто не го очекував ова. Долго сум кај неа и баш и верувам за се. Веројатно имат некој профит од вакцините, друга причина за ова не знам
Еве прашај ја, јас сега прележав ковид по втор пат и сум вакцинирана пред бременоста. Во кој % влегувам и на какви последици мисли. Демек они гарантираат сега некоја сигурност или што? Ама многу ме нервираат. Ковидот е тука околу нас и ќе остане, огромни се шансите да фатиме трудни или не. Мене апсолутно, со неколку доктори зборев и не ме испаничија, напротив ме охрабрија дека ништо не може да се случи. Глупости
Јас фатив корона во 3ти месец ама со температура 39,4 еден ден и следниот до 37,6 и толку...бев на гинеколог ми даде само електролити да пиам да не дехидрирам, железо и антибиотик бидејки ми беше покачено црп...на прашањето дали нешто може да му биде на бебчо ми кажа ништо освен да се роди со антиела Така да не мисли ич, следи си крвна слика како што ти кажа @Eli23 и повеќе течности обавезно