Која недела си? Изгледа сепак последните недели ги земаат брисевите таму, може затоа и не ми рекол ништо.
Да. @Калатеа ајде па сподели некако рано ми се виде мене. И за цената , ако е многу ќе си одам кај матичната.
Тој последниот брис бил околу 1200-1300 денари, ама ни јас не знаев, а изгледа ни таа што се испитува со последниот. Можеби е само стрептокока. Се мислам дека има разлика во цени ако одиш на прегледи во бременост и пред пораѓај, и ако одиш на регуларни гинеколошки прегледи.
Треба брисеви, да истите ко во 12та недела некаде кон 27-28-29 недела, а во 36та само еден за стрептокока.
Тогаш ќе си го правам кај матичната, 500 ден ќе си го однесам во приватна лаб.Тој е за стрептокока во 35та е ама ја мислев и другиве се тогаш. Тогаш ќе треба за следна недела да носам и брисеви , ќе одам и за тие кај матичната. Сигурно ќе бидат изгор у ремедика. Едит : мислам дека исти се цените
Премногу е. Кај покачија се, не им давам и за брисеви пари. Ти таму одиш? Кај кого? За пораѓај ? (ама те испрашав )
Дефинитивно е скапо, ќе ги чувам за не дај Боже на пораѓај нешто. А сега ми текна, кога прашав дали треба некои плус испитувања, ми рече немој да се замараш без потреба, и да најдеме сега нешто не може да смениме (ова за брисеви). Кај Ефремовски одам, на прегледи и за пораѓај, сега за сега планот е природно. Ти кај кого планираш?
Така викаат да, мада јас најмногу качив прво тромесечие. На крај не качив ич, а после пораѓај се вратив со минус 8кг. Микробиолошките се 3300ден колку што памтам брисеви+урина. Тие во 35 недела беа 1400ден освен ако не се покачени и тие.
Да прашам некој да ми ги појасни резултатите? Добри се,лоши? Оти денес докторката не ми е на работа а денес ги зедов.. чекам уште резултати од брисеви.
И мене во Ремедика истово ми рекоа дека ми беа чисти. Само овие два бриса да ги направам. Јас па сфатив дека сега да ги направам. 21 недела сум.
И јас сега овде прв пат читам дека се прават брисеви и во 28 недела, мислев накај 32. се сите заедно и тоа е тоа За среќа имам закажан следен преглед кај матичната во полна 28., но попладневен. Дали некој знае дали можам попладне да ги однесам во некоја приватна лабораторија или дали е доцна да се остават следното утро ако попладне не може?