И јас ги пиев пред бременоста ама за инсулинот. Со пцос сум и јас. Безбедни се во бременост барем така вика интернетот, а и сигурно не би ги препишале ако не се. Може немаш реална потреба, па затоа така да ти рекол ендокринологот. Јас имам висок скок на инсулинот и ми рече да ги пијам во прво тромесечие за превентива од спонтан. Кај Стефанка во Ремедика.
Јас сум кај Смоковски во државна. И јас ги пијам исто поради инсулинот. Откако ме искара отварам денес упатството и читам дека не се препорачуваат во бременоста што ме исплаши.
Ова е од упатството на Глукофаж. Не се плаши, сигурно нема да ти ги препише ако не се дозволени. Прашај си на прв скрининг до кога да ги пиеш.
Не знам стварно, јави се на гинекологот ако не си мирна ама еве ако побараш и тука мислења ќе видиш дека многу трудници пиеле до 12та недела. Јас мислам да не се секираш, може полошо да направиш доколку не се контролира инсулинот.
Девојки дали некоја од вас има/имала болка во стомакот (16та недела сум) на место како што е заокружено на сликата, на десната страна од стомакот ? Болката е тапа и ја имам последниве два дена, не е присутна цел ден туку одредени периоди и на моменти дури и позади на грбот осеќам болка.
Девојки здраво. Кажете ми дали е безбедно да се вежба јога во прв триместар и дали има некоја од вас што вежбала? Фала ви
Тој што те води ќе си го прашаш. Не сме сите исти. За некој е препорачливо за некој строго забрането. Пример мене од старт се ми забранија физички активности освен пешачење. Не дека имам тешка бременост, многу лесно си ја поминав само притисок од второ тромесечие што кренав, но со терапија ми е под контрола
Девојки ми треба совет. Од синоќа забележав дека ми излегло нешто како генитален херпес по сликите што ги гледав на тоа ми личи. Е сега бидејќи е викенд неможам да ја добијам матичната. На гак да појдам без да знам дали ќе ме примат не ми се тргнува бидејќи сум од друг град а знам дека само итни случаеви примаат. А од друга страна ми е страв да чекам до понеделник. Може да ги исконтактирам на гак телефонски или сепак не е за чекање и да тргнам
Јас сум 20+ недела од почетокот на бременоста ги пијам по една навечер од 750, цело вееме се комсултирам со ендокринолог од систина, секој ден пред и после јадење 3 пати на ден дома сама мерам шекер, за една недела сум на контрола ке видиме дали ке ми ги прекине. А една докторка порано как што бев ми рече штом бебето е машко повеке од 20 недела не би ги примила.. не знам зошто тоа ми го кажа
Јас и покрај тоа што сум напредно јоги првите три месеци повеќе пешачев најмногу за да ги избегнам твистовите кај стомак. После почнав пак ама строго пренатал јога или ако знаеш како да правиш модификации можеш и power vinyasa зависи каква пракса си имала претходно. Членката погоре убаво ти пиша дека мора прво да се консултираш со гинекологот, јас го прашав после 12та недела и почнав. Нормално избегнуваш инверзии и твистови. Со лесно.
Ја барам цело сабајле исклучен и е мобилниот инаку сум 36 недела и сум испаничена да не е нешто што нетреба да се чека
Би те примиле на гак зошто да не. Не мора да си итна, ќе им објасниш што како е. Е сега, може не е страшно, па џабе да ти биде патот до Скопје ама ако си помирна така, оди.
@bella108 може не е херпес. Дали си имала претходно? Ако си имала и сега се активирал, не е опасно за бебето. Ако фаќаш прв пат, што не верувам, само при пораѓај има ризик, т.е ќе мора царски. Има терапија секако, немој пред време да се плашиш, може и не е ништо.