Мислам дека не се проверува холестерол и триглицериди во бременост, нормално е да се покачени како што ми кажа мене матичниот. Ако грешам нека ме поправи некоја од членките. За д димери исто, докторка од приватна болница што ми ја води бременоста и што ќе ме пораѓа ми кажа дека доколку нема индикации немало потреба. А што се однесува на урината, ако е обичниот наод на урина нормален, нема потреба од уринокултура.
Јас сум 22 недела. Деновиве ќе земам упат од матичен и ќе испитам крвна слика и црп, урина, хемостаза и д димери. И ќе направам контролни микробиолошки да ми биде мирна главава.
Јас оваа бременост колку што имам испиено газирани сокови цел живот немам толку..не знам што ми се дешава ..Швепс, која кола,газоза..да не биди едно та исто...и денес настината..носот и очите течат, пат пат кашлам...грло не ме боли и немам темп...по колку пати на ден да пијам парацетамол? Се мислам и за корона да се тестирам да не ми е мисла..ексик веќе со коронарна..сите битни настани ги пропуштив.
Биди внимателна со лутото, јас по малку кога јадам таман ми е, ми помага дури и кога имам запек, но еден ден претерав и добив јаки болки во стомакот и од страната, се извадив од памет, па трчав на преглед кај матичната, ми се намалија со магнезиум, Б6 и лежење.
Да ве прашам. Дали се нормални болки, всушност не се болки ама како менструални, како да те пече кожата, да се растега, не знам како да објаснам. Значи веќе трети ден ми е вака. Од магнезиумот се смирува. 22 недела сум плус 1 ден. Дали влегов во 6 месец?
Па доктор со 20 плус 4 дена ми смета 21 недела. Значи сега по негово 22 +3 дена е 23 недела. Вака од гинеколог е.
Сите различно рачунаат да ти кажам искрено. Еве јас за боледувањето специјалист кога ми даваше извештај, исто и кај матичниот пример 18+3 пишуваа 4+ месец. А јас си рачунав 5ти месец дека влегов.
Ако немаш температура зошто парацетамол? Витамини, цеден лимон, чајче ,не ти треба ништо друго. Јас бев така 2 3 дена со тоа поминав.
И јас ова прашував тука за кожата мислам. Осеќав ко печење и жежење. Морам да седнам за да ми се смири. Петрова ја прашав ми рече се тегне кожата нормално е. Вајда збориме за истото. Мене не како менструални болки туку кожата доле кај стомакот ме боли и ми се смирува кога ќе легнам или седнам.