Така де, како да ти гори кожата. Истата болка ја имав пред да имам позитивен тест. Тогаш мислев од вакцината е, после поврзав со припрема на матката за бременост. Мене гинекологот овде ми кажа дека моите стомачни болки се поголеми оти прв пораѓај е царски. Ама ме гори, полудев. Пијам магнезиум, б6 и се смирува некако. Гадно чувство.
И мене така ме боли и ме пече раната,и половина ме боли и јајници,мислам дека е од промена на времето.
И јас за чудо никој пат не сум обожавала газирано, сега пивнувам. Посетувам дневно мени на трудници, ама се срамам да пишувам што се имам изедено. Мислам не многу на количински, туку многу од се по нешто. Кој микс го можам, невидено е. @JuLleE и јас мислев ко гинекологот твој дека е логично да се сметаат неделите, оти почнува со 1 ден, 2 дена...7 дена односно полна прва недела, па така ми беше логично. Ама сите наоколу се запнале не си ни трудна првите две недели вака онака, се обидуваат да ми ги скратат месеците. А јас сакам да надодадам зада си го оправдам големото меше. Инаку јас сум 21+4, па веќе незнам дали е недела 21 дали е недела 22, дали е 5ти месец, дали е 6ти хаха.
Читав за триглицеридите и холестеролот дека не се мерат во бременост, затоа што е нормално нивното покачување како и потребно за организмот во таа ситуација. Но што се подразбира под нормално покачени вредности? На последната крвна слика холестеролот е 7, триглицеридите 3.58. Дали треба да бидам загрижена?
Јас си ги скратив маките, секој 17 ти си влегувам во нов месец зошто 17 ти Септември ми е крајниот термин и да не му ја мислам многу
Почесто пијам газирана вода поради киселини, може да се каже секојдневно. Не се препорачува, баш бев на една онлајн школа за трудници и нутриционистот кажа газирани сокови и вода да се избегнуваат.
Сакам да ве прашам дали си правам филмови од што сум преокупирана или дали е можно кога одмарам неколку секунди не дишам а стомаков ми пулсира дали е можно од срценцето на бебчето толку да се чуствува ,10та недела сум , послаба сум немав претходно меше ?
Ај и од мене едно чудно прашање Денес двапати осетив пулсирање ама одма под градите. Дали е тоа икање на бебето или не е можно толку високо? 19+3 сум, а инаку не го чувствувам уште бебето.
Прво треба да почуствуваш движење на бебето(околу 18-19 недела почуствував јас) па дури околу 25та почна икањето Вака беше кај мене,можеби се чуствува и порано икањето,сепак прво мислам движење ќе почуствуваш доле под папок.
Јас да прашам некоја од вас што е околу 30та, 31ва недела... Кај го осеќате движењето на бебето? Последниве 2-3 дена осеќам удари скроз долу ниско, баш како во цервикс да ме удира, а на последен преглед пред 2 недели беше со главчето долу. И некако поинакви се движењата на моменти, не како моментален удар, туку како побавно, како да се врти, не знам како да објаснам
Malce vremevo malce cela bremenost sho sum so nizok pritisok...zbudalev od glavobolka I samo na spienje me tera....
Јас осеќам и доле и горе и секаде. Кога бев на преглед матичниов ми вика ќе го осеќаш горе под ребра пошто е со главчето надоле,ама нема врска секаде го осеќам буквално. И во ребра и кај папок и цервикс, и карлично некој удари ,превртувања не знам ни да опишам више. Многу поинаку си ги замислував движењава дека ќе бидат,попријатни
Moj sovet. Sve pi i jadi osven tuna i sveps Mene od 36 nedela navaka se takvi bolki imam. Menstrualni.... Normalno e
Да, баш како да се врти, а и се врти изгледа тогаш, бранови ми прави стомакот како нуркач да имам некои вртежи се и како бааѓи непријатни и ниско некогаш како на цервикс го осеќам зависи како е завртено изгледа. Иначе ја сум 27ма.