и јас го осеќам секаде, некад мислам кога ќе се преврти стомакот ми го поместува од една на друга страна. Тоа што било пред 2 недели со главчето долу не мора да значи и сега дека е, мене матичната ми вика се тумба внатре не стои мирно Инаку сум 30+4
Изгледа стварно се тумба претпоставувам грб е некогаш или може газе кога ќе натрти, на едно место се испакнува како топче
Девојки здраво, сакам да прашам дали ги исправте оградиците од креветчето пред користење? Се мислам да ги ставам во машина А исто така и дали има некоја која го исушила во машина за сушење? Фала ви
Обавезно, до бебе ништо не смее да се допира ако не е перено. До оградици и со лице ке допира. Којзнае колку прашина собрале. Мене едни ми се уништија од сушара, други си беа топ и по перење и по сушење. Зависи од каде се и во каква сушара сушиш.
Испери ги секако, само на крај намали центрифуга не на најјако. Е сега за сушење во машина немам искуство, не сум ги ставала да не ми се уништат
Можеш да ги дезинфицираш со алкохол, пребришеш со влажна крпа и потоа со пегла на пареа да ги поминеш убаво. Некое оградички знаат да се уништат при перење
Девојки има ли некоја со дијагноза на лордоза и кифоза, многу болки имам во долниот дел од кичмата што е нормално за второ тромесечие али дополнително си оритиска на телово,што можеме да мачкаме да се ублажи болката или ако имате искуство со некој масер за трудници препорачајте
Кока кола една чаша треба да е ок, како кафе сметај си ја ради кофеинот. Поголема количина не треба да сс пие. Луто јас се убив од јадење цела бременост, на крај почна заради киселините да ми смета а и прочитав некаде и дека пред крај можело да го испровоцира пораѓајот, немам појма дали е точно.
Да,само што се вратив,добро е бебето,не знаат од што крварам.Според нив се е во ред.Незнам веќе што да мислам,мене не ми е нормално трудница да крвари,следната недела ке одам во Систина па ке видам што ке ми кажат таму.
Денес требаше да биде прв роденден на син ми,сите го заборавија,само јас неможам да дишам од што ми е тешко.Па и маж ми изгледа го заборави,не спомнува ништо,незнам што да мислам...
Dusa zlatna, majkicka edna i edinstvena....boli znam premnogu, ke zivee vo tvoeto srce zasekogas❣a maz ti sigurno ne spomnuva da ne te rastazi uste poveke... bidi silna ti si MACALAVICA
Ако е се во ред со бебе не се плаши, стварно знам случаи каде трудници цела бременост имаат крварње како што опишуваш и се е супер на крај. Дури другарка што се породи скоро ми кажа немој да се плашиш јас цела бременост го имав, знам и откако се породи многу крвареше. Супер се и она и бебето, само нормално треба да си следиш за да ти си мирна. Со лесно. Догодина уште едно роденденче плус да си славите.
Девојки кажав ќе пишам од резултатите со железото. За неполн еден месец го качив од 14 на 27 само со природна исхрана. Цедени сокови комбинации од цвекло, јаболко, морков, портокали, калинки, цитрони кога како ќе стигнам. Мед со таан и коприва по ваша препорака ама по една лажичка на ден. Нормално и стандардни пренатални витамини.
Жени како сте со целулит во бременост? Посебно крајните недели, после 30тата. Забележувам целулит насекаде, раце, нозе (ај тука и претходно имав) ама и листови, дури ме плаши зошто нагло се појави таму и не знам дали има некоја причина, многу страшно изгледа. Плус многу ме боли и чеша.
Мамички како сте? Искуство некој да ми каже со непцата, воспалени, отечени, секакви, само не ме болат (барем тоа е добро). Бев на стоматолог исчистов забен камен ништо, зедов генгивал гел и камилица испирав- ништо. Во Германија сум земав едни масла и балсам по препорака на акушерка на природна база-ништо. Не само кога ги четкам, некогаш и додека зборувам осеќам како крварат и непријатно чуство, и кога ќе ми каже некој еее крв имаш на непцата, ми иде не знам шо да направам.. Земав парадонтакс паста, мека четка абе од ништо нема подобрување. Помош или совет некој да каже уше нешто да пробам, 34+4 сум.. И дали има некоја членка шо е во Германија а се породила, сакам да ја прашам нешто. Фала Вии, извините на долгиот пост бидете сите здрави и живи!!
Јас ги перев у машина/сушара. Ништо не им беше. Ама на 30° ги исправ, 40 минути ги сушев. После и со пегла поминав. Топ се Ама зависи и од квалитетот на оградиците
Мамички да ве прашам дали некоја од вас има низок хемоглобин во текот на вториот семестар? Железото ми е супер но хемоглобинот ми е малку низок -118. Дали е нормално и дали сте пиеле нешто?