Мене пастата на Лакалут ми помага. Еднаш дневно со конец чисти и пробај со чај од жалфија ладен прави гаргара. И јас ја имам истата мака ама кога му кажав на докторот ми рече нормално е Гестациски гингивит е ќе помине од ко ќе се породиш.
Нормално е тоа, од хормонални промени. Можеш да одиш на киретажа на непцето, јас сега планирам само да влезам во второ тромесечие. @jelo 118 е сосема нормален хемоглобин, може и подобро ама далеку е од низок.
И кај мене исто многу изразен периодов, нз дали кај нас има некое студио другарка моја у германија им дозволуваат да идат на третмани на нозе антицелулитни плус да не задрживаат течности и вишак вода и супер и пријаше… ако има некој што правел кај нас или има искуство да сподели
@jelo 118 е сосема нормален хемоглобин, може и подобро ама далеку е од низок.[/QUOTE] Фала многуу , јас испаничив додека да ми врати и матичнава, голем хипохондрик сум
Каков третмам е тоа за на непцето? Заборавив да нпишам и умник ми излева, хаос ми рекоа кога ќе се породам да одам со операција да го извадат зошто ми расте во образот горе, па право да прашам и за тој третман на непцето..
Јас ја прашав докторката одма што е тоа зашто уплав имам Ми покажа со еден инструмент како кука и само ја истиснува крвта од непцето. Ајде да не лупетам многу, имаме докторка тука од прва рака што ќе каже @Annath
Правев комплетна крвна слика поради друго и ми стигнаа резултатите. Проверени ми се сите витамини и минерали, се е во ред и фолна ми проверија и она е добра, нормална, а не пиев фолна. Имам анемија, благо паднат хемоглобин и железо, ама покриена сум со терапија. Она што ме загрижува е многу ниско ниво на Витамин Д. Имам препорака да започнам со терапија. Референтна вредност е поголема од 30, а мене ми е 9. Јас сум со автоимуно заболување, не ме изненадува ова, искрено останатите параметри ми се одлични, како за мене, а некогаш знаат да бидат паднати. И сето ова е без никакви додатни пренетрални витамини. Е сега гуглав и прочитав дека недостаток на витамин Д можело да доведе до аутизам кај бебето. И толку ми треба на мене.
Ти препишаа Д витамин? Не паничи сега без врска, зима е, веројатно сите имаме дефицит. Плус како што знам некаде на запад живееш, таму со месеци сонце не гледате. Моја блиска исто има дефицит и пие Д витамин 2000ие, во Германија живее.
Да пробаш со flosser да ги миеш. Мене многу ми помага, ставам во него некад хидроген или течност за испирање на уста разреден со вода. Преку ден два обавезно го користам, во комбинација со интердентални четкички. Плус носам фиксна со тоа и воспаленијата ми се појаки, ама со ова го решавам проблемот.
Јас правев киретажа и не е страшно, дури ќе ти олесни. Баш со тоа како кука, подобро да направиш сега. Одиш само на стоматолог во второ тромесечие кажуваш чистење и он треба да знае каде да киретира.. не се секогаш сите заби за тоа. Некаде само со класично чистење и пескарење ќе поминеш.
Хормонски е, ќе го средиш на раат после породување штом ќе прекинеш со доење ако доиш. Труднички гингивитис. Дренажа на непца кај забар, Лакалут актив паста или друг тип адстригентна паста (ги стега крвните садови), дали Пародонтакс, дали Курапрокс, има и други во Германија ако си таму, витамин Ц од 1000мг дневно, може плакнење со чај од жалфија, ама да не се голта.
На море живеам. Ама јас сум постојано со низок витамин Д, тоа си знам, од болеста ми е. Утре ќе одам кај матичен за терапија. Во петок и со гинекологот ќе се консултирам.
Сакав да те прашам во врска со витаминиве и минераливе, никогаш не сум испитувала до сега. Треба да земам упат од кај гинекологов се испитуваат на државна, или во приватна лабораторија треба. Се испитува ако имаш некоја индикација или може кога сакаш.
Извини што упаѓам. Членкава не е во Мк како што прочитав и јас исто се зачудив Плус има автоимуно заболување. Јас сабајле проверував и ми рекоа кај нас ги бараат тие основните. Па ако нешто укаже, се земаат плус други. Јас барав и ддмери и црп и уриникултура, ама не добив зашто немало потреба. Искрено се изнервирав малце, зашто сметам дека нема штета од плус испитувања ама не можев да се расправам во 7 сабајле. Ако грешам и ако треба да барам плус испитувања просветлете ме.
Јас сакам деновиве да земам упат од гинекологот и да испитам кр слика,урина,црп,д димери и хемостаза. Па ако може и витаминиве се во едно А од кого не доби? Матичниот не ти даде упат? Со упат би требало да ти дадат. Инаку овие испитувања ти следуваат не знам зошто ти рекле нема потреба.
Ми даде упат, ама basic варијанта Не се испитувало се и немало потреба. Сега чекам да ги види резултатите, па да видам дали ќе треба нешто плус. Е сега ми рече после скрининг нешто, дали на скрининг се гледа нешто друго плус па ако посумњаат те праќаат на дополнителни анализи не знам. Ако била некоја на втор скрининг нека каже.
Јас го поминав вториот скрининг. Баш со матичниот зборев ми рече тие испитувања наредно ми следуваат. Само упат да земам од кај него. За другово не знам ама ддимери и хемостаза треба да се проверат. Барај.