И во Waikiki имаше едно време труднички хулахопки...во Сара фешн се од пенти и се убави..мислам 270 ден дека беа.
Да сте имале проблем со покачени вредности на црн дроб поточно алт (<31) ка кај мене 44,аст е во нормала? Црп исто високо 12.9? Првпат испитувам во син лаб, претходно во авицена сум одела секогаш ама гледам дека различни референтни вредности имаат.
Девојки да ве прашам, прееска не знаев што да прашам па ме просветлија. Може ли резултатов за еритроцити да оди со 27 железо? Односно да сум анемична со толкава вредност на железо или нешто е утка направена?
Ја имам сличен резултат железо 14 а ниски еритроцити. Ме прашаа дали пијам препарат за железо, јас пијам, а баш вчера покасно го испив и затоа покажува повисоко железо денес, барем така ми објаснија.
@Bibi_23 хемоглобинот ти е низок, затоа се ниски и еритроцитите и хематокритот. Железото може да е добро ако имаш добри резерви во крвта.
И кај мене хемоглобинот е 118, не е низок ама се намалува а железото 25 што е одлично, не пијам ништо освен фемибион 2. Не знам дали нешто треба да пијам за хемоглобинот.. вие пиете нешто друго девојки?
Мене пред 3 недели ми беше во нормала и железо и хемоглобинот и уште тогаш ми рекоа тотхема да пијам јас ја почнав ама незнам изгледа јас смотано ја отварав ми се кршеше цела ампула во раце и сменив пиев флорадикс до сега, а од денес ми дадоа хеферол капсули да пијам.
Јас на почеток железо имав 11, па 14 и сега за неполн месец 27. А другиве ми беа на долна граница, а сега се под граница. Инаку освен пренатални витамини не пијам други суплементи за железо. Пробав со природна исхрана и сокови. Дали е лошо ако е вака? Мене искрено ми смета највеќе зашто се осеќам преморено и депресивно. Ако не смета за бебето ќе издржам.
Мене и општата матична и матичниот гинеколог ми рекоа дека се супер резултатите само да јадам повеќе месо и цвекло а друго ништо не ми кажаа да пијам сега за сега. Ќе видам баш следниот пат како ќе бидат резултатите..
Не пијам ништо плус освен пренаталните, ќе треба да проверам кр слика уште еднаш следна недела па ако треба ќе ми препише нешто ваљда. Сега за сега сам свој доктор со природна исхрана.
За бебето не смета ама како што расти може да се намалува повеќе и не е добро за тебе. Направи уште една крвна слика и консултирај се, не знам дали исти суплементи даваат за слаб хемоглобин ако е јако железото.
Да, но пред бременост. Ми беше кажано дека причината најверојатно е високопротеинска исхрана и примав терапија неколку месеци. Мислам дека силимарин таблети пиев, на природна база.
Да, и ми беше од премногу суплементи што внесувам. Додуша ова беше лани. Види со докторот дали внесуваш премногу витамини и дали нешто треба да намалиш.
Verbascon за грло дали се дозволени во бременост, по состав се со исландски лишај.Ме боли грло такви имам дома.
Пред околу пола час имав еден чуден момент. Обично поради нискиот притисок, особено летно време знае да ми се случи откако ќе се исправам и направам 2-3 чекори да ми се стемни пред очи. Тоа да трае неколку секунди и после се е ок. На доктор ми имаат кажано дека ми е од нискиот притисок. Е вечерва, прв пат ми се замати во глава ама додека бев седната. Одеднаш ми се сврте цела соба и се осеќав како да левитирам во просторот. Беше прилично интензивно, се извадив од памет. Ми помина за кратко, пиев вода.. Ама ми беше страв да станам од кревет некое време да не изгубам свест. Се случило на некоја? Можно е ради притисокот ова да ми се случи? Може нешто да се направи околу тоа?