@Yowannty можно е, јас ко се онесвестив прво така се осетив ко да не стојам на нозе, па ми беше бело се околу мене и не памтам веќе. Од пад на притисок ми рекоа в болница или од доближан- таков ми беше ко мереа таму. Многу течности беше советот и редовни оброци ама пак осеќам дека ми е низок. Пијам и кола кола по малку, зошто кафе не пијам воопшто. Исто и од пад на шеќер е можно и од слабокрвност. Да не ти е слаба крвта?
Здраво девојки, со првата бременост чекав до 41 недела за природни болки и се породив природно но со провокации цел ден, сега сум бремена со второ еве веќе 38 недела имам болки се ме боли доле и укочена сум, па чисто некое искуство да ми споделите дали и со второто со провокации сте се породиле или сте имале природни болки? Фала ви
@kristina.k офф поима немам каква ми е крвта. Овде секоја контрола ми земаат крв и урина, ама никогаш не ми кажуваат резултати. Минатиот пат сама прашав, докторот ѕирна толку брзо не знам ни како успеа да види се за тоа време, и рече само се е ок. Не ми се верува баш дека немам проблем со железото, ама од друга страна страв ми е да земам нешто на своја рака. Се мислам дали ниско железо може да даде вакви манифестации? Кока кола пиев прв триместар ми помагаше за мачнините, ама сега во трет ми прави киселини и не можам да пијам. Кафето не го можев до пред некоја недела кога почнав пак по едно, ама еве недела дена пак не ми оди. Само вода гледам да пијам редовно. Ич не се разбирам околу шеќер дали ми паднал.. Јадев благо после ручек ако има некоја врска. Повеќе ме плаши дали ми е висок, треба на наредна контрола да ми кажат дали имам скриен.. Сега ми текна и дека во цело мислење што ми се деси не ми текна воопшто да мерам притисок а цело време го мислев. Значи скроз сум изгубена оваа бременост.
Колку ти е железото? Мене минатиот пат железото ми беше над граница, а хемоглобинот намален скоро на граница. И матичниот ми рече нема потреба да земаш ништо додатно се додека железото ти е толку високо. Сега ќе проверам пак да видам колку ми е сега.
Зависи секој различно... Јас се породив со првото природно во 41ва со 4400г,56цм, па мислев второто од 38ма веќе ќе сака да излезе (зошто сепак толкаво бебе излегло од доле еднаш, разлика се 2ипол год), ама јок, 41ва затерав и со второто и примив провокации (но завршив царски поради многу мекониум во плодовата).
Знам секој различно ама ете чисто така да си прочитам други искуства, мене ми е скроз и различна бременоста и во болки и во лошење и вака немам ич кондиција буквално во се, ја првото го родив 3650 исто сега мај ќе има 2 години и едвај чекам да се породам сега тешко ми е и мислам дека е поголемо од првото, но добро, фала ти за споделеното искуство
Второто помало од првото беше кај мене(3800г, 51цм), а имав многу лесна бременост. Мене па првата ми беше тешка, многу се поправив, тахикардија, притисок, отоци, што немав, ама после пораѓај излезе дека сум со хипотиреоза и хашимото и најверојатно се тоа ми направило проблеми. Второто со терапија си бев покриена за тироидната, имав прелесна бременост. Ама пак грло на матка не попушташе Не вежби, не активност, шетање, ништо не помогна за побрзо да пушти. Близнаци да носам, мислам до 41ва ќе ти носам Битно живи и здрави, со лесно
Хахахах баш и ја тоа си викам до 41ва недела ќе си терам ама како треба да биде така само да се живи и здрави и ние да сме океј фала ти
Урмите за што се јадат во бременост? Знам дека при крајот на бременоста се јадат. И по колку е препорачано на ден?
@mcluckie За првото ми пукна водењакот но не се отварав и го родив со провокации. Бременоста ми беше прелесна, буквално ко да не бев ни бремена. За второто цела бременост ми беше ужасно тешка, одвај чекав да се породам и отидов на договорен термин во 39гн со провокации.
Може. Може да е и од паднат шекер, спондилоза, каротиди запушени... Има многу причини. Ако имаш константно низок притисок повеке течности и солено. Друг совет е кога лежите да не станувате нагло, поседете неколку секунди и после станете.
И јас пиев вода газирана и кока кола и сеуште знам да се напијам, кога имав стомачен вирус со температура некако водата газирана ме освежуваше и кока колата, јадам и пијам се освен туна, швепс и цитрон (не ги сакам ич) па фала му бога бебка е добра и еве ја терам 34 недела
Јас ги исправ ама не ги сушев во сушара, и гнездото исто го ставив во машина па гајле немаат, е сега за во машина да ги сушам сеуште не ми е сигурно да не ги уништам ама се во машина си исправ од чорапче до ракавички се ❤❤
Добро утро утре сум на преглед. Секогаш кога одам се чуствувам како да одам да полагам испит на факултет . И на мм му било исто
Со лесно и само убави вести да добиеш.. Јас сум денеска на преглед и секое одење на преглед ми е стрес тест хаха ❤
Наводно за омекнување на грлото и за природен пораѓај без индуцирање. Викаат дека после 36та недела треба по 3/4 на ден.. Мада јас не знаев за ова до скоро и се утепав урми јадење цела бременост кога ќе ми се пријадеше благо
Исто и ананасот, само не ми јасно дали во порана бременост може да наштетат. Урми и јас јадам цело време, а сум на средина.
Јас за ананасот гледав еднаш видео во кое се објаснуваше дека делува како природен анестетик. Па една девојка и пред операција на заб испи 100% природен сок од цел ананас ден уназад за да и биде подобар прагот на толеранција на болка (односно до некаде да ја ублажи болката). Јас еднаш ја прашав матичната кога бев бремена и рече дека може се умерено да се јаде. А јас којзнае колку урми и ананас изедов на крај за да провоцирам пораѓај и ништо, терав до 41