Јас сфатив дека такво правило кај треба да осеќаш нема. Јас го осеќав ниско на цервикс на бешика како да скока буквално,матичниот ми викаше не е можно не може таму да го осеќаш во книгите пишува таму и таму треба. НЕМА ВРСКА 32ра недела сеуште го осеќам и ниско и високо и секаде.
Kako te otvori? Si pie vodicka ja sum 38 i uste ika i se e vo red so nea.. Koga ce pocne da ika ne znae da dopre, moze 10 min si ika. Ne se plasi
И од времето може да е. Мене исто цело сабајле ми се темни и снемувам воздух, а нема што не ставив уста. Плус и порано ако си станата од вообичаено. Инаку ова со цениве кај матичниве не знам. Мене сите ми викаат матичен не треба пари да зима на преглед, мене еве за ехо увек 500 еднаш 800 ми зема. А сум била 2 пати во бременост, не дека идам секоја втора недела па да кажеш претерувам. За брисеви и крв кога они ќе ми земат и праќаат исто увек плаќам. Сметка никад не добивам, а терминалот за картици од еднаш магично им се поквари откако ја пишав како матична. Дур идев приватно работеше. Па се научив сега упат и во лабраторија. За следен пат ќе реагирам, зашто сите ме критикуваат зашто давам пари.
Нормално е. Со икањето се подготвува за самостојно дишење. Исто така ги тренира и природните движења како голтање и цицање. Исто ќе забележиш дека ќе продолжи често да ика и откако ќе го родиш. Нормално е.
Јас бев убедена дека бебето ми е со нозете надоле и ми скока на бешиката На секој преглед гледавме дека е главата надоле ама јас го осеќав ниско и мислев се свртело. После веќе во последните месеци само газето го испапчуваше лево и десно од папокот, некогаш некое стапало или колено гледав испапчено ама немаше место за маневри. Инаку, да си кажам искрено мене ми е напорна бременоста иако немам мачнини. Не можам веќе, сакам да летне времето и да се породам. Иста бев и првата бременост, ми викаа сите ќе ти фали мешето ама никогаш не ми зафали
Што може да те чека, лепота Ако ги заборавам грчевите, првата година ми беше најубавата во животот. Како во филм да живеев, не ми се веруваше дека е мое детето. Со короната бевме затворени и никој не ни доаѓаше, па искористив максимално време со бебе и маж. И да сакав повеќе време да поминам не можев, значи до макс уживавме. Е после веќе е напорно Проодува, градинка, разболување... Малку се враќаш во реалниот свет. Уф, имам уште доста до октомври
Кога сме кај движењата на бебето, како ги осеќавте првите движења? Во петокот јас за прв пат осетив некои пулсирања ниско под папокот, како некој нерв да ми игра само во една точка. Се посомневав дека тоа е тоа бидејќи знам дека таму е позиционирано бебето, на тоа место го гледаат на ехо. Братучетка на мм ми вика рано ми било да осетам движења, 16+4 бев тогаш. Ама вчера, на полна 17та недела, истите пулсирања ги осетив на истото место и се си мислам бебуш е дефинитивно
Можно е да е бебето. Јас во првата бременост го осетив кон 17та недела и беше како пеперутки да ме удираат со крилцата одвнатре во стомакот. Често можат да се помешаат со гасови во стомакот. Сега ова малку порано го осетив ама и на ова првите движења му беа такви. Сега веќе се како нежни удари ама несомнено се бебешко движење кое многу се разликува од гасови.
Јас пијам пре мама и од двете пијам прво едното па после некоја минута другото, инаку двете се пијат во ист ден не едно денес друго утре
Мојот матичен до сега ништо ми нема наплатено, ни брисеви ни ехо. А читам тука дека повеќето наплаќаат.
Инаку за икање и јас осеќам постојано икање на бебка, а за движење не застанува, кога ќе испапчи неак газе, некад ноџе, некад раче незнам ни јас веќе што е што ама шизла мојава хахаха, и баш она највеќе кога ќе се оптегнам да одмарам е она почнува хаха па дури цел стомак ми се поместува, само незнам зошто мм кога и зборува и ја гали не се поместува или му е лута или му се спрема за после пораѓај да го пошандрца хахаха И мене веќе ми е мачно и јас едвај чекам што побрзо да се роди, можеби затоа што ми е прва бременост незнам што ме чека, ама се надевам дека нема да биде стресно и трауматично хаха Со лесно на сите мамички сите да си имате здрави и живи бебулиња ❤❤❤
Ако си исплашена и загрижена најдобро консултирај се со гинекологот. Тука сите имаме различно искуство и не мора да значи ако за мене нешто е ок и нормално, дека и за тебе или друг е исто така ок. Може само уште повеке да се исплашиш ако некоја каже дека до 30 недела или 28 небитно осеќала икање, после не.
Микробиолошки брис што е земен денес сабајле, може да се однесе покасно или утре во лабораторија? Или има некое временско ограничување. Еден брис ми го вратија во микробиологија немало реагенси моментално.