Мене ме интересира какви се болките, дали е болно кога ќе почне да излегува или болни се контракциите. Повеќето што ги имам прашано ми викаат како јаки менструални болки. Јас менструални болки сум немала баш и страв ме фаќа
Кога ќе дојде времето ќе немаш време да мислиш на болките и на тоа што поминуваш, само ќе гледаш да се олесниш. Мене контракциите ме болеа, а кога излегуваше бебето не. Ама јас поминав со малку појаки менструални болки.. Ми викаа од толку болки јаки нема да го осетам сечењето долу. Епа моите болки не беа јаки и затоа кога ме сецнаа, господ го видов ,колку вриснавв Така да ,според мене сечењето и шиењето повеќе болеа од пораѓајот.
Секој има различен праг на толеранција на болка и плус различно тело.. Другарка отиде на пораѓај со 8 прсти отворена без болки и без болки за 30мин беше породена. Болно е додека се стигне до 10 прсти, кај кој повеќе, кај кој помалку, кај кој па ич. А после веќе самиот чин на раѓање брзо ќе помине, само што ќе излезе бебе адреналин јак тука удрира, тресе цело тело од возбуда, па солзи радосни, болките на секунда ќе ги заборавиш. Родив природно едно без епидурал, едно царски, а сакам трето да знаеш Така да се трпи се, битно е се да помине без никаква компликација, да бидете живи, здрави.
Џабе стравуваш, бебето мора да искочи, мораш да останеш стабилна и не се споредува болката со тоа што го добиваш накрај односно твоето бебе, давај си малку сила и во психа и вака стабилна слушај си ги сестрите. Болките се појачуваат, кога ќе ти пукне водењакот почнуваат поголеми најдобро е да стоиш да шеташ, јас ти кажувам од мое искуство после ми ставија епидурал и само тоа помага ништо друго не помага олабавив саат ипол и почнаа појаките болки со напони кога видоа дека сум отворена 10 прсти омекнато ми ставија една провокација во вена на 2 пати бутнав и толку од големи болки ништо престанаа одма кога искочи, така да не се плаши јака си жена си твоето бебе зависи од тебе налет болките ќе ги издржиш
Немам раѓано природно ама сите баш сите викаат дека кога излегува бебето не боли туку контракциите. Стравот не би знаела како да го надминеш, затоа што јас не успеав да го надминам во првата бременост.
Не стигнав до моментот да го родам на тој начин, но имав контракции. Кај мене болките почнуваа во кичма и се ширеа насекаде, како бранови. Како менструални болки ама на најјако.
Кај мене почнаа болките, договорија царски и ме чекаа до утрото оти по пат јадев пченка. Па не можеше анестезија. И така вечерта отворена 2 прста, силни болки, никако не се отварав повеќе, дете тахикардично, 10 часа фино си истрпев болки и завршив на царски. Мајка ми беше со мене и кажа дека тоа било почетокот. За повеќе не знам, и нема да знам оти сега ќе одам на втор царски со закажан термин, пред болки да ме фатат. Јас многу сакам природно, сакав и со првото. Имам голем праг на толеранција, имам широка карлица, ама ете не бива. Маката со царски е потоа, ама се поминува. Страв има, не знам дали некој не се плаши, ама на крајот на денот ќе си ги гушнеме бебињата. Јас момата едвај ја чекам.
Mene me fatija bolkite na denot na zakazaniot carski rez taka da ne se baziraj na toa oti nema da te fatat bolki pred zakazaniot carski rez
Јас имам јаки многу болни менструации ама болка при отварање е многу појака, кан мене беше некои 10 пати. Јас царски бев ама од кажување на други самото излегување на бебето е кратко и не е страшно. Се поминува, тоа е факт, јас би родила второ да е само раѓање тешко. Потешкото доаѓа. Ке раѓаш ден два три ама откако ке се роди нема застој. Не мора, за итни операции секако не чекаат. Ама ако не е итно толку, кај членката оцениле дека не е, ке чекаат да поминат часоби после јадење затоа што анестезија и царски со полни црева носат ризик и компликации.
Јас мислам дека е индивидуално... Некоја има неподносливи болки, некоја помали, некоја (ретки случаи) воопшто и така
А во врска со сечењето.... Мора секоја да ја кацнат...? Јас имам разбрано дека и одпосле боли, малце е потешко и за мочање и за какање неколку дена
Колку што имам слушано на ГАК било рутински тоа иако не треба кај сите ама мислам дека не секој има потреба да го сецнат
Да ама јас имам слушано дека и подобро е на време да те сецнат, инаку сама ако распукаш тоа е многу лошо.
Индивидуално е дали ќе те сечат и дали и колку ќе те боли после тоа. Обично зависи од големината на бебето. Ако не те сечат, а бебето е поголемо, може да распукаш полошо и во погрешен правец и затоа и сечат пред време. Еве мене двата пати не ме сечеа, ама минимално испукав, првиот пат шиена бев три конци, вториот еден. После тоа воопшто не ме болеше ко да не бев воопшто шиена.