Подобро е да те сецнат, ако распукаш може да е полошо. Дали прават грешки во проценка, пример мало бебе со мало главче а да те седнат кога можело без сец не знам. Поминува за брзо, сите се на нозе нареден ден.
Не ми спомнувајте нејадење Кога ќе ми текне колку бев гладна со првиот царски и истото ме чека сега ми се плаче од мака.
Никогаш нема да го заборавам перекот третиот ден вечерта кога ми го донесоа Каков спас беше тоа. Умрев од глад.
Доброо утро трудници Форумов ми е како некој труднички дневник да водам Баш си ги читам старите коментари од пред некој месец и се навраќам Убав сончев ден на сите
Како што кажаа и другиве.. Подобро да сецнат, него да распукаш... Мене ме сецнаа кога веќе беше главата стигната на излезот (па најверојатно проценуваат кога треба, кога не). Шиењето би било многу комплицирано на сама испукана нерамна рана, а на рамна рана си се знае каде треба да се шие... Јас сечењето не го осетив (а ножиците ги видов кога ги земаа и тргнаа накај мене), од отрпнато место од болка, тоа воопшто не го осетив Не му ја мислете многу, нема баш никакво правило како ќе биде цел пораѓај...
Јас не се сеќавам на гладта, ама дека бев жедна и ненаспана се сеќавам. Мене ме примија со болки во 42 недела, во 11 навечер, на другиот ден кон 2 ме однесоа на царски. Не сум била итна. После тоа ме плашеше повеќе спиењето под дејство на анестезија, незнаеш за себе, не знаеш за бебе. Како во кома.
Не мора, јас сама си го барав. Му реков аман докторе сецнете,не можам да напнувам веќе.. А не дека не можев.. не знам зашто така му реков Можев да какам и да мочам, не ме печеше ич. Само со седењето имав мака. Добар ден трудници. Сабајле убаво си искрварив.. тоа е колку да не си раат. Бебето е добро, велат од хематомот е најверојатно. Докторката вели се намалува.. ама не ми е јасно колкав е тој хематом што на толку кафеаво и еве денеска на толку крварење не го снемува скроз. Ми спомна матичната ако е се вака добро со бебе, да ми даде упат за 2 скрининг кај Самарџиски, тој бил повеќе за вакви случаи, па и да слушнеме мислење од него. Вели а ако ми е сумливо ќе те пратам пред скрининг . Само ми рече добро е ако можеш врски да најдеш за кај него. Јас ќе ти дадам приоритетен упат ама добро е да имаш малку врски. Инаку супер доктор бил.. И така. Се чудам сега кај да барам врски
Кај нас го нема малтофер? А задоволна си од тотхема ти се покачи хемоглобинот? И мене ми ги препорачаа по една на ден. Ама кажими дали ти се гадеше од нив?
Мене тотхемата ми беше многу вкусна, со цеден портокал ја пиев. Не ми се гадеше а за хемоглобин е добра, не ми го качи којзнае колку ама добар ми беше, посебно со крупно бебе плус. Малтофер од Бугарија само.
Извини што ти досаѓам само кажи ми дали пиеше и витамин ц. На гладно пиеше или како? Не ми кажаа ништо околу начинот на дозирање. 2 часа после не смеам млеко и мл производи?
Јас сменав неколку суплементи за хемоглобин. Мене воопшто не ми се покачи од тотхемапиев два пати на ден. Дури и во периодот додека ги пиев најмногу ми опадна хемоглобинот. Ми се гадеше додека ги пиев зошто ми беа одвратен вкус, инаку одпосле не. Мене овие ми помогнаја најмногу Во комбинација со Сепак треба да пробаш. Кај различни луѓе, се различно делува. Тотхема се купуваат на парче така да може да видиш дали ќе ти се гади.
Немај гајле. Да, витамин ц од 1000. Тотхема на гладно со сок од портокал и дури по два часа јадење. Плус и мед земав јас.
А како ти беше железото? Мене железото ми е супер 20. А хемоглобин малку под граница и тоа ме збунува.
Тоа беше пред три години, не ми текнува баш точно ама и двете ми беа на долна граница и одеа надоле како растеше синко. Подобро со јака крвна слика на пораѓај отколку со слаба. Некаде околу 20-25 почна да ми слабее.