Мене на Пап ми покажа присуство на кокоидни бактерии и нарушена вагинални флора. Немав осигурување чекав 2 3 недели за брисеви, кога направив немав ништо се беше чисто. Не примав никаква терапија.
Мене ова искрено ми е чудно, повеќе е веројатно да има лажно позитивен тест отколку лажно негативен... Така да се мислам дали и воопшто сум имала првиот пат, а баш и од таа причина правам се на приватно, ама очигледно исто му доаѓа. Не знам дали да однесам пак сега во цјз или микробиологија
Провери си повторно да бидеш мирна ама според мене долго време има поминато и да имало нешто организмот се изборил сам.
Не знам точно недела. Овде што читав некои во 36та ги прават некои порано. Ќе се консултираме со матичен.
Да може да се покажат други бактерии што не се опфатени во брисевите. А ова е баш специфичен брис за таа бактерија.
А за ЦТГ се оди таму кај што планираш да се пораѓаш? И како оди тој процес дали треба претходно да си бил во таа болница или можеш кај сакаш да си почнеш цтг и да договараш за пораѓај?
Pa da, si pocnuvas vo dogovor so doktorot sto ke te poragja, ili ako si na drzavna doktorite treba da ti kazat koga e vreme i ti zakazuvaat sekoja nedela ili pocesto zavisnost od situacijata.
Здравоо женичкии Да ве прашам нешто сакам. Направив тест позитивен е, 6 дена ми касни. Кога треба да отидам на гинеколог за да се потврди бременоста? За да се види на ехо колку време треба да помине? Прашувам за да не ми биде џабе одењето. Благодарам
Мене ми каснеше 2 недели ,направив тест позитивен и одма дента отидов, 6ипол недели веќе бев трудна. Мислам 2 недели после пропуштен циклус можеш да одиш, ама јави се на матичен најубаво прашај си. Иии со лесно бременоста
Така мислев и јас, да почекам до петок па да се јавам и сигурно ќе треба да чекам една недела за термин и таман ќе биде. Ти благодарам
Девојки вие што сте околу 30та 31ва недела колку често ви се стврднува мешето ? Цела ноќ осеќам стврднување скоро секоја вечер и дупла доза магнезиум не помага многу
Имав грчеви нокеска и сега сабајле како за дијареа само, се напив пробиотик потпомина, а многу малку изедов пола тостче мало и пак ми изреагира еве стомакот. Ќе вртам да прашам после доктор ваљда ништо не му е на бебето
Може желудник исто да те здоболува. Кога истово ми се деси лани ми дадоа за пиење јаглен и ланзул. Од една таблетка ланзул ми помина. Ама тогаш не бев бремена, прашај дали смееш ова во бременост.
Ништо неможе да му биде на бебето. Ако имаш постојано дијареа, неконтролирано тогаш консултирај се со доктор. Ако си имала еднаш, тој ден барем биди на посува храна.
Мерките зависат од положбата на бебето, ехото, плодовата вода итн. И јас се плашев цело време, особено затоа што бебето беше поголемо (и сеуште е). Сега на последното мерење во 35 г.н. испадна дека стомакот му е помал 3 дена, а другите мерки се поголеми за 3 недели. Докторката не рече ништо, протоци океј, не ме проследи не понатамошни испитувања. Ќе си видиш на следното мерење како напредува. Исто проверуваат зрелост на постелката.